Навредата е омаложување на личноста,потсмевање или пак само задоволување на сопственото его бидејќи не сме како личноста која ја навредуваме.
Кое е вашето мислење? Сите знаеме дека зборовите можат повеќе да не повредат отколку физичкиот удар.
Секогаш сакаме искреност но,секогаш се лутиме кога ни кажуваат во лице. Зошто е тоа така?
Некогаш од преголема љубопитност дознаваме работи кои најмногу ќе не повредат од најсаканите личности...
Дали вреди да се прости,да се продолжи понатаму?
Дали некогаш сте биле навредени?
Дали вие некогаш сте навредиле некого?
P.S. проверив и не најдов ваква тема,но ако случајно има нека се избриши.

па знам да се извинам и да објаснам дека не сум мислел нешто такво.Иначе не се осмелувам на секој да му ја кажам вистината во лице,освен се разбира на пријатели и непријатели. Пријателите затоа што ми се пријатели,а за непријателите најчесто враќам удар.Не дозволувам на секој да ми трие сол над главата,освен на група луѓе кои знам што и да кажат го кажуват за мое добро и ако тоа дојде од нивна уста,размислувам за да видам дали сум згрешил некаде.Ако некој странец се обиде да ми каже што да правам или што не треба да правам,само се смешкам и чао,или враќам нешто во мој стил - сарказам.Зависи од ситуацијата и зависи дали ќе ми текне нешто бомбастично во моментот
Иначе простувам до огромна мера,но како што пишав и во една друга тема,кога јас ќе кажам крај,значи крај е.Нема назад.Треба многу далеку да отиде човек,за јас да почнам да го игнорирам или да го мразам.Многу често ми викат дека не знам да проценувам луѓе,дека сум добра душа и постојано простувам,а јас велам човечки е да се просте.Но кај некои луѓе злобата нема граници,и тие луѓе не заслужуваат прошка.