-што ѓаволот не може,може жената
-завидливите умираат,зависта-никогаш.
-убавите круши свињи ги јадат.
-викај ме грне,само не крши ме.
-во тенџерето вари ,во капакот јади.
-болна жена,болна куќа.
-Господ да те брани од покондурен опинок.
-во голема вода големи риби се ловат.
-ако бегаш од арно ќе паднеш на зло.
-бесен газ-крвав нос.
-бело ми е лицево,ама црно ми е срцево.
-високо дрво,плод нема.
-устата прави,устата расипува.
-на свиња бисер не нижи.
-во поголем град,поголем глад.
-ако си мост,секој ќе те гази.
-не пуштај гојазикот пред умот.
-арно е да имаш жена умна и лична,арно ама господ на едно место две добра не дава.
-пари на рака,Мара за рака.
-кога двајца се караат,третиот користи.
-без мака ,нема наука.
-убав збор,златни порти отвара.
-добрата жена и празната куќа ја прави да биде полна.
-кој рано рани,две среќи граби (го заебал петелот)
-ожени се на брзина,ќе се каеш полека....
-ни во куче вера,ни во лаком мера.
-ако сме браќа,ќесињата не ни се сестри.