Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Нарцис стана типичниот модерен човек. Човекот, кој гледајќи се себеси, и кој не можејќи да се изнагледа на својата убавина, во крајниот чин од приказната ќе се обиде да се бакне себеси и ќе потоне во длабочините.
Да бидеш доследен и да одиш по избраниот пат без интимни задоволства, значи дека си му верен на ѓаволот.
Власт над чувствата е диктатура на ѓаволот врз човекот.
Да бидеш верен без среќа, значи дека си му верен на ѓаволот.
„Humble thyself before thy Self, yet fear neither man nor spirit.
Fear is failure, and the forerunner of failure: and courage is the beginning of virtue.“
- Liber Librae svb figura XXX
„Потчини се себе си на твоето Себство, но не плаши се ни од човек ни од дух.
Стравот е неуспех, и претходник на неуспехот: а храброста е почеток на доблеста.“
- Liber Librae
"Постојат многу патишта по кои се трага, но потрагата е секогаш иста.
Зарем не гледаш дека патиштата што водат до Мека се различни, со тоа што едниот доаѓа од Византија, другиот од Сирија, а други пак минувајќи преку копното и морето? Оттука. раздалеченоста на овие патишта што треба да се минат е секојпат различна;
но, кога ќе стигнат до целта, расправиите, кавгите и несогласувањата исчезнуваат, бидејќи срцата се спојуваат…
Оној полет на срцето не е ниту верата, ниту неверството, туку љубовта.
- Руми
Оној што е врзан само за една посебна вера, да, е неук (за тоа која вистина се крие во другите верувања), со самото тоа што неговото верување во Бог содржи одрекнување на другите облици на верување. Ако ја знаел смислата на изреката на Џунајд:
„Бојата на водата е бојата на нејзиниот сад“,
би прифатил дека сите верувања се добри и би го препознал Бог во секој облик и во секој предмет на вера."