Мотивациско писмо/писмо за изразување интерес

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Две години на факултет буквално не отекуваат со ова писмо.
Луѓе бре, подебилно нешто од ова нема. НЕМА! Болд, фонт инфинити и извичник!
Од мака и непарица аплицираш таму за шофер во Беким & Љубомир Холдинг во с.Туденце, само за мотивациско е. |-(
„Го следам вашиот фасцинантен напредок и сметам дека мојот придонес за вашата ценета фирма ќе помогне во нејзиното одење во нагорна линија. Имам работено како помошник на Бил Гејтс, асистент на Ајнштајн и воен стратег за Хитлер, а моментално работам на проект за комуникација со Стив Џобс и Исус.“
...чао-пријатно, не го исполнувате условот „полуписмено лигле од штаб“.
Не дека некој седнал да чита, ама треба апла да си комплексаш да бираш некого базирано на едно такво нашминкано и преувеличено газолижење.

Најголемиот парадокс на светот прикажан во реална точка на гледиште:
Аплицираш во Заводот за вработување за проектот „Волонтеризам“ за некоја ситна паричка но онака да си начукаш искуство.
За некој ден те викаат по телефон дека на МекДоналдс им треба човек. Одиш во МекДоналдс, аплицираш за волонтер, те викаат на интервју, пљампаш саат време што курсеви, што образование си прошол. Те гледаат онака кисело, ама си викаш ај здравје можно е да влезам. После 2 дена ти се јавуваат и ти викаат дека не си примен. Ги прашуваш - зошто? Ти викаат - „еми на нас ни е потребен некој кој е со работно искуство“. После тоа склопуваш слушалка, првите 5 минути поради шок од дебилизмот не знаеш што да правиш. После тоа добиваш огромен напад на смеа, си викаш “фала курцу шо немам влезено во таа фирма, луѓе со донов синдром ќе измислеа подобар изговор“. И така продужуеш даље.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur

Ќути, остај, познати ми се.
Кај нас сме ја имале привилегијата да дојде некој со поткусена панталона и речник на второодделенец и да ни предава што мотивација палела кај него.
Тој час, за три животи се имам просветлено кога станува збор за тоа како потенцијално се иде до работно место.
И што да очекува човек од некого што е гз преку глава од пофални коментари т.е. смета дека што повеќе го фалел некој, тоа поупатен бил околу фирмата? (facepalm)
Да си мотивациско писмо, да земеш, па да се самоискинеш од срам, брука и ред други негативни измешани емоции.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ам нели ова мотивационото се држи повеќе околу тоа колку си фасциниран од фирмата и можноста за такво работно искуство, а пропратно беше нешто слично само што се држи повеќе до твоето искуство и твоите можности и придонесот кој би го направил. Барем така мислам дека ни ги кажуваа во средно.