Мотивациско писмо/писмо за изразување интерес

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Многу пати ме имаат прашувано за ова и како да напишат. Имајте во предвид дека доколку конкурирате на работа покрај CV ќе ви биде побарано и ова :

Мотивациско писмо​
(Мотивациско писмо / Писмо за изразување интерес)​
Документот во кој ќе ги наведете целите кои ве мотивираат да конкурирате за таа работа, како и претставувањето кој сте, што можете и што сакате, треба да ја убеди комисијата која ја врши селекцијата да Ве избере токму вас.
Кога конкурирате за одредено работно место, покрај CV потребно е да испратите и таканаречено придружно писмо (на англиски: cover letter). Некаде може да се сретне и како мотивациско писмо или писмо за изразување интерес. Намената на ова писмо е да се осигурите дека вашата пријава (апликација) пристигнала на вистинското место, кај вистинската личност. Во придружното писмо точно ги наведувате целите кои ве мотивираат да конкурирате за таа работа, работно место за кое конкурирате, како и да се претставите кој сте, што можете и што сакате. Понатаму, ова писмо има за цел да ја убеди личноста која го спроведува процесот на вработување внимателно да го прочита вашето CV. Поради тоа придружното писмо мора да е релевантно за организацијата/компанијата/ институцијата во која конкурирате, мора да е интересно и добро напишано.
Употребете ги стиловите за пишување деловно писмо. Доколку во огласот е објавено име на контакт лице, обратете се до ова лице. Доколку не, доволно е да напишете само „Почитувани,“ и да продолжите со потенцирање на позицијата за која сте заинтересирани, референтен број доколку има, дата и место каде е објавен огласот. Во една до две реченици кажете нешто за вашите квалификации и наведете кои други документи ги доставувате во прилог (CV, препораки и слично). Писмото треба да биде долго максимум една страница А4 формат. Треба да биде љубезно и лесно за читање. Никако не го насловувајте писмото како „Молба“ и не започнувајте со реченици од типот „Го молам горе наведениот наслов...“.
Доколку не се јавувате на конкретен конкурс, туку испраќате CV за да изразите интерес за работа кога за тоа ќе се отвори можност (таканаречено спекулативно CV), објаснете за каков тип на работа сте заинтересирани. При тоа не пишувајте „јас сум заинтересиран да работам за вашата компанија“, туку кажете „верувам дека располагам со вештини и знаење за да работам во одделот за финансии / одделот за производство итн.“ Напишете зошто сте заинтересирани токму за тоа работно место, токму ва таа компанија. Ова писмо би требало да го охрабри работодавачот да го прочита и вашето CV.

ИЗВОР:
http://www.bibliotekaradovis-infopoint.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=30&Itemid=51
 
Последна промена од модератор:
  • Like
Реакции: ipopovski

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Убаво што имаш образложено како се пишува мотивационо писмо, верувам на многу што не знаат ќе им помогне ова. Лично за мене ова е една неописливо голема глупост да не речам тешко :kaka, стварно е бесцелно. Реално ако збориме колку компании има кај нас што стварно го читаат ова? Колку воопшто имаат сектор за човечки ресурси со стручен кадар за ова? А и да би имало, мислам ова се сведува на лижење на газот на твојот иден претпоставен и фалење сам себе колку сум најдобар. Имаш СV види работно искуство, види образование, сертификати, препораки... Јас требало да го убедам зашто сум јас најдобар колку сум бил заинтересиран за неговата компанија. Заинтересиран сум онолку колку што ќе ми биде платата во однос на работните обврски и моето образование. Поголема плата поголема мотивација. Никаква плата - работам кај тебе додека не најдам подобра работа а ти уште од старт си ми еден од “работните искуства од минатото“. Не уживам во работата, не се гордеам со компанијата, работам за плата, работам за работно искуство, работам за утре да се снаоѓам во таа проблематика кај некој работодавец кој ќе биде подобар. Значи работам, си ги извршувам навремено сите задачи и се што ми е обврска, ама дека ми е гајле не ми е... Додека замараат со вакви западњачки глупости, може да се обидат за промена да воведат и западњачки услови за работа, кај што вработениот е вработен а не роб, кај што вработениот има западњачка плата. Ама вака?
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Убаво што имаш образложено како се пишува мотивационо писмо, верувам на многу што не знаат ќе им помогне ова. Лично за мене ова е една неописливо голема глупост да не речам тешко :kaka, стварно е бесцелно. Реално ако збориме колку компании има кај нас што стварно го читаат ова? Колку воопшто имаат сектор за човечки ресурси со стручен кадар за ова? А и да би имало, мислам ова се сведува на лижење на газот на твојот иден претпоставен и фалење сам себе колку сум најдобар. Имаш СV види работно искуство, види образование, сертификати, препораки... Јас требало да го убедам зашто сум јас најдобар колку сум бил заинтересиран за неговата компанија. Заинтересиран сум онолку колку што ќе ми биде платата во однос на работните обврски и моето образование. Поголема плата поголема мотивација. Никаква плата - работам кај тебе додека не најдам подобра работа а ти уште од старт си ми еден од “работните искуства од минатото“. Не уживам во работата, не се гордеам со компанијата, работам за плата, работам за работно искуство, работам за утре да се снаоѓам во таа проблематика кај некој работодавец кој ќе биде подобар. Значи работам, си ги извршувам навремено сите задачи и се што ми е обврска, ама дека ми е гајле не ми е... Додека замараат со вакви западњачки глупости, може да се обидат за промена да воведат и западњачки услови за работа, кај што вработениот е вработен а не роб, кај што вработениот има западњачка плата. Ама вака?
Сакај верувај сакаш не, ама во школо професорката по Англиски јазик не подготвуваше за ова.
Од следната година ова Мотивациско писмо или CV ќе иде на државната матура која сите знаеме е задолжителна и нема бегање.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Види ја зборам за практичната безсмисленост на мотивационото писмо, колку сето тоа врска нема. Али у време кога повеќето го бараат и добро е што уште од средно ве спремаат за тоа и ви го бараат на матура, ќе го научиш и после кога ќе ти побараат нема да се чудиш како тоа требало да изгледа.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Пред да започнете

Пред да започнете со пишувањето на мотивационо писмо, потребно е да се подготвите. Еве неколку совети како да го направите тоа:
  • Размислете за вашето досегашно искуство. Помислете како би го сврзале вашето досегашно работно искуство со компанијата и позицијата, за која кандидирате. Кои се вашите способности и постигнувања, кои би се оцениле како корисни од компанијата? Направете си накратко список, за да ви биде полесно кога ќе започнете со пишување.
  • Од каде научивте за отвореното работно место? Ако за слободното работно место научивте преку пријател или роднина, споменете го неговото име. Доколку се информиравте за оваа можност преку објава, добро запомнете кои услови треба да ги исполнувате. Потоа, во писмото и CV-то обидете се да наведете како вие одговарате на тие барања.
  • Научете што повеќе за компанијата. Побарајте информација за компанијата на интернет или во весниците. Размислете што ве привлекува и мотивира да работите за таа компанија.
  • Дознајте кој е задолжен за вработувањата. Лош впечаток оставаат мотивационите писма, кои не се наменети за дадена личност. Издвојте си малку време и јавете се во компанијата или прегледајте го пак огласот, за да го дознаете името на личноста задолжена за нови вработувања.
Што треба да содржи мотивационото писмо?

Мотивационото писмо не треба да биде премногу долго, затоа што така се „разводнува“ информацијата. Бидете практични и обидете се мотивационото писмо да ви опфаќа само една стандардна страница во А4 формат.
  • Почеток. Во горниот дел на страницата оставете лични податоци: вашето име и презиме, адреса, телефон за контакт и e-mail.
  • Првиот параграф.Тоа е воведниот дел на вашето писмо и е многу важен, поради тоа што веднаш треба да го привлече вниманието на оној кој го чита. Во него треба да кажете од каде сте разбрале за слободното работно место (пријател, вработен во компанијата, објава во весник или реклама).
    Доколку за работното место ви соопштил вработен во компанијата, не започнувајте со „Мојот пријател Х ми кажа дека имате слободно работно место, па затоа решив да ви пишам“. Наместо тоа, покажете повеќе ентузијазам и напишете „Бев пресреќна, кога мојот пријател Х ми кажа дека се отвори слободно место во вашата компанија“.
  • Вториот параграф. Опишете ги накратко вашите квалификации (способности, постигнувања), но не навлегувајте во детали. Одберете три ваши способности, кои мислите дека би биле високо ценети од компанијата и фокусирајте се на нив. Останатите детали треба да ги посочите во CV-то.
  • Третиот параграф. Тука е местото да докажете дека сте направиле истражување и знаете многу за компанијата, за која кандидирате и пазарот на кој што дејствува. Посочете што ве мотивира да кандидирате точно за таа компанија и како можете да придонесете за неа. Наведете зошто вие сте идеалниот кандидат за таа должност.
  • Завршеток. Спомнете дека сте испратиле CV и дека ќе се радувате ако издвојат време за да се сретнете лично.
Совети

  1. Мотивационото писмо не е есеј. Многу често луѓето сметаат дека стилот на пишување за мотивационото писмо треба да биде ист како за есеј, но тоа не треба да биде така. Стилот на пишување не треба да биде премногу „филозофски“.
  2. Параграфите треба да бидат видливо одделени. Мотивационото писмо треба да има убав изглед и лесно да може човек да се ориентира во него.
  3. Не експериментирајте многу со дизајн или фонтови. Ако кандидирате за посериозна позиција, вашето писмо треба да има формален изглед. Доколку кандидирате за позиција дизајнер, можете да експериментирате со малку боја и понестандардни фонтови, но сето тоа да е направено со вкус.
  4. Внимавајте за грешки. Печатните и граматичките грешки не треба да бидат дел од мотивационото писмо. Проверете го текстот за грешки со помош на програма за Spell Check и потоа пак прочитајте го писмото неколку пати.
  5. Побарајте критика. Побарајте некој ваш близок да го прочита писмото и да ви даде конструктивна критика.
извор: www.femina.mk
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
325
395
1,063
Мотивациското писмо оди заедно со кантата за ѓубре. Какво писмо, какви бакрачки.
Факт е дека никој не го глеа, се дава ден пробна работа, ако те бива бива, ако не чао.
Ќе се замара газдата со тоа кој си ти, зашто ја сакаш работата, од кај знаеш за работното место. Него битен му е профитот ништо друго.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
Две години на факултет буквално не отекуваат со ова писмо.
Луѓе бре, подебилно нешто од ова нема. НЕМА! Болд, фонт инфинити и извичник!
Од мака и непарица аплицираш таму за шофер во Беким & Љубомир Холдинг во с.Туденце, само за мотивациско е. |-(
„Го следам вашиот фасцинантен напредок и сметам дека мојот придонес за вашата ценета фирма ќе помогне во нејзиното одење во нагорна линија. Имам работено како помошник на Бил Гејтс, асистент на Ајнштајн и воен стратег за Хитлер, а моментално работам на проект за комуникација со Стив Џобс и Исус.“
...чао-пријатно, не го исполнувате условот „полуписмено лигле од штаб“.
Не дека некој седнал да чита, ама треба апла да си комплексаш да бираш некого базирано на едно такво нашминкано и преувеличено газолижење.
 
  • Like
Реакции: existence and Saladin