Младите и компјутерите + интернетот

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Во контекстот на мојава стара копирана авторска тема една моја исто така стара “колумна“... Принцип је исти се су остале нијансе...

ShakaZulu ; 15 јануари 2010

Некогаш и Сега
Живеам во зграда. Ги има шест на број. Тука сум еве дваесет и две години.​
Коските ги иставив по околните асфалт и земја и не ми е криво.​
Бев надвор од утро до мрак - од мрак до утро и не ми е криво.​
Ми студело, ми жежело, сум се потел и сум мрзнел и не ми е криво.​
Не ми е криво бидеќи не сум бил еднинствениот кој би таму некогаш.​
Сега сум постар и немам време но во овие шест згради не сум само јас.​
Сега има млада генерација на деца кои незнаат што е дружење пред ручек.​
Незнаат што е ручек со другарите и другарките и со лебот во раце надвор.​
Незнаат што е играње после ручек додека да се стемни.​
Незнаат што е да нивните мајки викаат од тараса “ало слушаш качувајсе да облечеш тренерки и да јадеш“.​
Незнаат како е да те гаѓаат комшиите со кеси полни со вода.​
Незнаат како е да им носиш џубре од контењер пред врата од детски инат.​
Незнаат како е да иде полиција и да бегаш по сите околни темни места со надеж дека нема да им текне да излезат од кола оти сте нае**ле.​
Незнаат е како да идат родители за уши да ги собираат сите еден по еден за да одат да спијат.​
Незнаат ништо бре ЕЈ.
Е тоа е сега и што ни донесе денешното време. Нема детство , нема пубертет, нема младечки лудории.​
Има компијутер > јадење> компијутер > јадење > компијутер > спиење.​
До кога вака, каде е социјализацијата на сите во околината. Да нема училиште не би виделе никого во живо освем продавачките во околните продавници кога мајките ќе ги пратат по леб и домашните во тие затворени четири ѕидови.​
Виртуелните другарчина не ги броиме тие се само пиксели на монитор ај удрете им некоја заушка кога ќе промашат празен гол играќи фудбал да ве видам.​
Не можете.
Можете само да си размените некоја шифра за GTA или некој пач за фифа да ви игра без CD на тоа дојде дружењето на децата СЕГА
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Јас сум за напредок на технологијата и се друго,но и не за унаказубање на детството на младите и децата.
Ова технологијата се поремети кај нив.
Јас сум да се учи повеќе и да се напредува,но не и да се заборави на нормалниот начин на живот.
А денеска младите го немат тоа.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Бидејки насловот гласи Младите и компјутерите, јас ќе се задржам само на младите...
За мене млад човек претствува личност од 14 години па нагоре...
А сите од таа возраст користат компјутери и интернет. Кој како и кој за што, индивидуално е.
Едно е факт: ова е модерно општество и модерно време, компјутерите веќе не се недостижни, може секој да ги има.
Мое мислење е дека компјутерите веќе се потреба. Па дури и во процесот на образование.
Ќе тргнам од себе: секој проект кој сум требала да го избработам, секоја презентација, секоја семинарска работа, за се ми бил потребен интернетот. Полесно и подостапно ми е за информации.
Потоа, презентацијата се работи во Power point, семинарската во Word...пак треба компјутер.
Најчесто професорите ми барале да им испратам на мејл пред да презентирам/предадам.
Како ми го направила сето тоа ако немам компјутер и интернет?
Јас мојот прв компјутер го добив во седмо одделение токму од овие причини: постојано одев кај роднини, братучеди, другари за да најдам информации, за да направам презентација, да испринтам нешто и сл. Ми купија поради тоа што ми требаше најмногу за на школо.
На сите млади, на моја возраст и повозрасни од мене компјутер ни треба пред се за на школо/факултет.
Но, најчесто компјутерот е користен за се освен за ова. 90% од употребата е за четување, допишување, играње игри и сл, но само 10% за она за што би било покорисно и подобро да се користи...
Тоа доведува до несоцијализирани личности кои животот го минуваат пред компјутер дружејќи се со виртуелни пријатели, личности на кои приоритет им е да убијат уште некој човек во некоја игра и сл.

А уште пострашно е од ова се децата и компјутерите + интернетот...
Пред некој ден се сретнав со една сосетка и прашав каде е ќерка и која има 6 години. Ми вели: „Ене ја, седна на компјутер. Кутрата не може да дојде на ред да седне од брат и.“
А братот на девојчето има 2,5 години.
Јас на 2,5 години правев ручек од тревки и песок, а на 6 можеби бев стигната до фризура на барбиките и пресоблекување од едно фустанче во друго. Да, тогаш ги учев буквите и бројките во градинка.
Ама, секако, мислењето на денешните родители е дека ова се напредни генерации... И како би фукционирале без компјутер?
Веројатно многу понормално и подобро, со поразвиени мозоци и со поубави спомени од детството, ама родителите немаат време да им го овозможат тоа бидејки не сакаат да трчаат по нив низ парковите туку преферираат трчање по пари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Технологијата си го зема својот замав и тоа уште поодамна, сакале ние или не.​
Но, оваа ера на технологија, кога децава би ја употребувале поконструктивно, би било друго.​
Во мое време некаде до 12,13, и 14 години не сме се замарале со компјутери ич, не дека немало туку не не интересираше.​
Времето го поминувавме по цел ден надвор со сендвичите во рака ( не дај боже да испуштиме нешто), памтам мајка ми секогаш се симнуваше надвор за да ме прибере дома, иначе немаше шанси сама да си дојдам.​
Многу повеќе се дружевме тогаш, па и сега секогаш наоѓаме време да се видиме.​
Покасно кога моите го земаа првиот компјутер јас имав некаде околу 13 години мислам, играв многу малку, и тоа ја памтам играта Pacman мислам беше, моите ми дозволуваа да играм 2 или 3 пати највеќе неделно и тоа по полаа саат само.​
Ама пак среќа што имам постар брат па ме тераше да учам Microsoft Office, па барем кога веќе имаме компјутер да научам корисно.​
А денешнава младина, жално е како се се сведува на интернетот, и на тие само виртуелни пријателчиња.​
Секој дел од нивниот живот се објавува на Фб (читај патетично) и тоа до најситни детали, ко да не слушнале за зборот интимност и приватност. Опседнатоста со игрите, чатовите и сите тие пропратни работи.​
Не викам да не се користи нетот или да не се играат игри, меѓутоа за се треба да се има граници и само граници.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Интернетот и компјутерите пред се треба да бидат под надзор на родителите (збораувам за деца до кај 14-15 години) за да се внимава да не се забега по крив пат.
Дете како дете сака се да истражи, да чепне, да копира некој имагинарен лик од реклами, пејачи, актери и сл. Се разбира, поголемиот дел од децата ги учат работите кои баш не требаат да се учат од филмовите. Затоа се случува девојчиња на 14-15 год. да одат по улица со гол стомак, еден тон шминка, штикли итн.
Исто така, компјутерите треба да се тргнат од училиштата, дефинитивно, затоа што не е постигната целта.
Во ред, се согласувам да има кабинет по информатика, со компјутери, кои ќе служат да изучување на предметната програма, а не да се седи на интернет по цели часови.
И конечно, а за што воопшто ќе им се компјутерите во школо? Таму треба да игра пенкало и тетратка, а не тастатура.
Затоа од генерација во генерација ќе се соочуваме со се поголеми проблеми на нашата младина.
Нас ни пораснаа рогови или испаднавме неписмени што немавме во секоја училница компјутер и интернет?
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Прво што ке кажам на темава е дека родителите се највеке виновни за ова.
Им дозволуваат на своите деца уште на мали години да користат компјутери и интернет.
Мислам дека имам зборено на една тема за едно 6 годишно девојче кое си има направено и фејсбук и скајп и мсн.
Јас паднав во кома кога го слушнав тоа.Мислам АЛООООООООООООООООО?Јас на тие години не знаев што е монитор а тоа има фејсбук?Од кога родителите и купија компјутер детето ветер не го факаше.
Се секавам јас на тие години уште што сум правела и очајно посакувам да се вратат тие времиња пак да уживам во нив ама нема.
Имам зборено со еден човек кој ми кажа за своите деца.Два пати неделно смеат да седат на пц по еден до два часа.Ништо повеке.Му аплаудирав за тоа.Но за жал секаде не е така.
Се согласувам со коментарот над мене.Зошто ке им се компјутери на децата во училиштето?Така нема да внимаваат на часовите туку ке сурфаат.Океј е да се искористат во училиштето во кабинет за информатика но за паметна цел а не за проверување на фб инбокс|-(
Додека бев член на друг форум бев сведок на една тема која звучеше:Луге дај кажете како да го одблокирам фејсбукот зошто од овде не можам да влезам:eekСе наогаше во училиште.
Срека што не сум зависна од компјутер и интернет,можам да издржам и со недели без едното и другото.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
не е пробле мтехнологијата окулу оваа проблематика зашто во било во кој период од историјата да погледнете секогаш новата технологија била оспорувана и сметана дека младите не треба да започнат да ја користат толку рано. не се пробле мродителите (до некаде ) зашти тие се раководат од една мисла дека тие кога растеле ја немале таа можност па го сакаат најдоброто за своето дете па му овозможуваат телевизор компјутер, мобилен , интернет и слично. најголе мпробле мзошто децата се толку зависни од технологијата и од онтернетот е општеството. општеството е виновно за се тој проблем ..Замислете ако интернетот се користеше сега за друга намена , да останеше само за информирање и ништо повеќе .? Тогаш децата повторно ке беа надвор .. има уште многу за пишење ама ме мрзи сега .. ке пишам подоцна..
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Фала ти шака на постот ... ме врати бар малку во детството .. кога не се прибиравме од улица .. иако сепак пола маало имаше компјутери .. затоа што тоа шо праевме надвор беше поинтересно отколку тоа на ПЦ .. за жал денес се е обратно .. За жал :)