Како бе не ти значело како немој сега мене ти финти аман!
Така! Од дете ми беше одвратно она курчење кај машките
„Јас бе јас“, овој, оној, нејзе прв ја скинал.
Да, најчесто требаше да си фраер за да бидеш прв и да скинеш некоја
- уште е така.
Или пак ко фраер таа да те гледа кутрата што знам...
Еј де добро ваљда тоа остава трага.
И може да те мрази
да те сака
да ти се потсмева понатака
може да те гледа и како другар таа девојка кога ќе израсне во жена.
Може драг да и останеш.
Може да те памти како шупак.
Mоже да ти стане и сопруга - праеубо чоек - шо лепота!
Само душата...
Само ако не и ја скинеш душата - ти никогаш нема да си среќен
,а нит таа!
Ете јас од оние вторите сакав од стално да бидам.
Oд оние што кинат вторпат.
Оти само оној кој ќе и ја скине душата на жената - таа стално ќе го сака.
Јавно.
Во тишина.
Ова вака меѓу нас на шанк нека остане - нека не те лажат!
Два пати се кинеме не еднаш - остај ти таа работа!
Само што сите првиот пат со смеење го кажуваат, а за вториот ќутат!
Некои никогаш и го немале -заебана работа.
А м`да и ова: Знаеш како се познава?
Ако онаа исплашена крв што тече меѓу нозете е врела како тазе застрелана срна
тогаш онаа од душата е лава!
Првата може да остане кај тебе или кај неа на чаршафите и да се испере и да остане само во мислите како сеќавања ...
ама онаа другата вечно кај тебе во градите останува како флека
и те топли
- не стинее никогаш таа крв кога ќе и ја скинеш душата да му е**м мајката.
Ни кај тебе.
Ни кај неа.
Дај боже во сечиј дом по еден таков фраер
дај боже во сечиј дом по една таква жена!
Меѓусебно скинати по вторпат.