Најчесто кога чувствуваме вина, бараме оправдувања и повеќе се збунуваме, ќе го прескокнам тој дел и ќе бидам практичен, слободата е слободно да грешиме, тоа ни е во природата за да научиме да не ја направиме истата грешка, ако повторно ја направите истата грешка, барем гледајте да не биде премногу честа
. Сакам да кажам, што и да правите погрешно, повторно или различно, не чувствувајте вина, вишок е, не ви ја ограничува слободата, понекогаш грешките знаат да не однесат во вистинскиот правец, вистинскиот ти/таа, можеби погрешно е сѐ што мислите дека сте и е исправно. Не ја знам вредноста на среќата, но ја знам добро на независноста, затоа ќе речам ако нешто ве прави помалку тажни, направете го, одете до крај, секако ќе откриете нешто што не сте го знаеле за себе, cheers to that