Работев во една приватна фирма во Скопје. Работев и за празници, во договорот пишуваше дека ќе ни биде платено за работа за празници, но не беше така. (Истото ова-плаќање и за работа за празници, го пишува и на огласите на тие фирми.). Зошто некои фирми лажат во тој дел?
Да ги видиме сега дали ќе плаќаат или не. Тие што ги знам плаќаат и преплаќаат само да имаат работници, да не си одат од фирмата.
Порано беше - ќе работиш за 300 дневница? Ако не, имат такви ко тебе кај чинарон колку сакаш, а сега саме гледаат да имаш две раце и нозе и колку толку да си ментално стабилен, не мора многу, колку да не направиш некоја беља.
Убо им се напрај на газдиве, па да кренат и тие плата, не секоја година нов џип да купвет. Дури и ако успеат да увезат работници, тие ќе се поскапи отколку работниците овде, читај превоз, смештај, храна плус плата и придонеси, дури и некој што го зборвит нивниот јазик. А и тие работници нема да седет овде, и тие ќе гледет да избегет кун Германија, кој ти сејт овде за 500 - 600 евра