Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Гаврило Романович Державин” Свети Николе започна со работа во 2004 година во Свети Николе како претставник на МСИ-Москва од Руската Федерација, на територијата на Република Македонија со начинот на дописно-вонредно студирање.
МСИ-Москва е високообразовна установа формирана во Москва, Руска Федерација со добиена акредитација и дозвола за работа од Министерството за образование на Руската Федерација.
Со отпочнувањето со работа во 2004 година, започна да функционира Факултетот за економика и организација на претприемништвото со насока Менаџмент на организација. Наредната 2005 година покрај Факултетот за економика и организација на претприемништвото започна со работа и Факултетот за психологија со насоката општа психологија.
Со оглед на зголемениот интерес на студирање на територијата на Република Македонија, во 2006 година Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Гаврило Романович Державин”Свети Николе својата работа ја прошири со отварањето на одделението во Битола и проширувањето на студиските подрачја со вооведување на уште насока на Факултетот за економика и организација на претприемништвото односно насоката Финансии и кредит. Врз основа на член 22 од Законот за високото образование на РМ (сл.весник 64/2000) во меѓувреме МСИ доби дозвола за работа како странска високообразовна институција со решение бр.12-8157/1 од 20.07.2005 година.
Во 2007 година Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Гаврило Романович Державин”Свети Николе ги зголеми своите капацитети со стекнување на сопствена зграда во Свети Николе со капацитети од 2700 м² и можност за доградба на уште 1500 м² простор, најсовремено опремен за изведување на високообразовна дејност. Сето тоа пак се должеше поради зголемениот број на заинтересирани студенти за студирање на оваа високообразовна установа.
Во почетокот на 2008 година Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт“Гаврило Романович Державин”Свети Николе повторно ги зголеми своите капацитет со купување на зграда во Битола со површина од 1700 м².
Денеска Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Гаврило Романович Державин”Свети Николе работи како акредитирана приватна високообразовна установа со два факултети и тоа:

- Факултет за економија и организација на претпиемништвото со насоки Менаџмент на организација и Финансии и кредит и
- Факултетот за Психологија со насока општа психологија