Менување на сопственото мислење по соочувањето со реалноста (фактот)

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Сопственото мислење често го градиме односно креираме по сопствена желба затоа што ние така сакаме иако тоа не е баш реално , двосмислена е темата со тоа што опфаќа повеќе ситуации во кој сме се нашле пред и по соочување со истите .
Каков е вашиот став за нештата за кој сме мислеле едно ,а одкога сме се соочиле е сосема спротивно , дали вистинското го прифаќаме или стоиме на својот став кој е не логичен со реалноста ...
@Electra поздрав, (handshake) :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Има разлика од ставови и мислења кои свесно ги креираме за да задоволиме нечии критериуми или за да создадене некој имиџ пред другите и ставови и мислења кои сами по себе се креираат во зависност од нашите искуства што ги собираме низ животот. Ако сме искрени спрема себе си тогаш често ке ги менуваме своите ставови и нема да имаме проблем со тоа што не сме си стоеле цврсто на ставот, а доколку моралот и имиџот ни се приоритет, тогаш најверојатно би жртвувале многу од својата среќа заради своите ставови.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Типичен пример за оваа тема е болеста.
Секој болен човек мисли дека ќе оздрави, ама реалноста е друга ако е болен од некоја неизлечлива болест.
Кога ќе дознае дека има напредната фаза од болеста губи надеж, се соочува со реалноста и го менува мислењето.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јас не можам да држам еден став/мислење ако околностите во иднина носат нешто друго. Размислувам повторно и сфаќам дека сум грешел. Брзоплет сум во носење одлуки, ама што е тука е.

Отсекогаш го кажувам тоа што го мислам, директен сум иако во хороскопот вика дека раковите се срамежливи и тивки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Mnogo Bitno

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Постои мала дистинкција помеѓу ставовите кои ги креираме низ животот, јас би го нарекол тоа поточно надградување на истите во различни насоки, прилагодување или подесување. Воопшто кога се создава еден став, тој потекнува од еден извор и не ја губи зададената вредност, тој конвергира или дивергира во однос на различни фактори кои влијаат на него, како природен процес на функционирање. Го почитувам секој став на една индивидуа без разлика дали кореспондира со мојот став и во тоа го подразбирам целосниот ентитет на прифаќање на реалноста, нема потреба од соочување, тоа е надминато во флексибилната фаза после создавањето.
@malo ме интересира твоето мислење, да ги одвоиме моралот и имиџот како приоритет, количински, колку би жртвувале од нашата среќа за едното или другото, иако малку е комплексно да ги вагаш.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
@malo ме интересира твоето мислење, да ги одвоиме моралот и имиџот како приоритет, количински, колку би жртвувале од нашата среќа за едното или другото, иако малку е комплексно да ги вагаш.
Проценете сами. Еве од мене еден најпрост пример:
Не верувам дека постои жена која што сака да има статус на робинка во својата куќа, но таа завзема став дека е добро и важно жената да е посветена домаќинка и мајка, отфрлајки ја својата индивидуалност, потребите, дарбите и способностите кои ги има, својата сексуалност и слобода, се во име на некои морални правила и во име на тоа што другите ке кажат. Рушењето на имиџот на домакинката е најголемата казна која и предстои доколку се дрзне да завземе свои спствени ставови за животот од сопствените искуства и затоа истите ги негира. Секојдневието ја учи дека да се биде секој ден по неколку часа во кујна е измачувачко, ама таа тоа никогаш нема да го признае и секогаш пред другите ке изнесува став спротивен на своите искуства, ама во согласност со моралните начела и очекувањата на другите.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Типичен пример за оваа тема е болеста.
Секој болен човек мисли дека ќе оздрави, ама реалноста е друга ако е болен од некоја неизлечлива болест.
Кога ќе дознае дека има напредната фаза од болеста губи надеж, се соочува со реалноста и го менува мислењето.
Едно е надеж, а друго е став
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Проценете сами. Еве од мене еден најпрост пример:
Не верувам дека постои жена која што сака да има статус на робинка во својата куќа, но таа завзема став дека е добро и важно жената да е посветена домаќинка и мајка, отфрлајки ја својата индивидуалност, потребите, дарбите и способностите кои ги има, својата сексуалност и слобода, се во име на некои морални правила и во име на тоа што другите ке кажат. Рушењето на имиџот на домакинката е најголемата казна која и предстои доколку се дрзне да завземе свои спствени ставови за животот од сопствените искуства и затоа истите ги негира. Секојдневието ја учи дека да се биде секој ден по неколку часа во кујна е измачувачко, ама таа тоа никогаш нема да го признае и секогаш пред другите ке изнесува став спротивен на своите искуства, ама во согласност со моралните начела и очекувањата на другите.
Ова као мора да глуми хетеро и тоа за божиќ, нека му е лесна земјата, секако голем хуманист:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Проблемот овде е што, дури и кога сме соочени со факти, кај некои капацитетот не дозволува тие факти да изгледаат логични. Не го велам ова ко навреда или потсмев, туку едноставно е факт. Некои работи се надвор од нашето поле на разбирање и верување.
Чист пример ми е галамата која се крена околу абортусот во Полска. Не знам како си дозволија такво нешто во 21ви век, уште помалку пак сфаќам како банот за абортус има поддржувачи.
Факт е дека имало и ќе има несакана бременост.
Факт е дека имало и ќе има фетуси со тешки аномалии за кои е нехумано да се родат, несвесни дека постојат, но битно да вегетираат со години, живеејќи во маки и мачејќи ги и другите.
Факт е дека има преризични бремености каде може да умрат и мајката и бебето.
Факт е дека, за жал, силувањата нема да престанат, а никоја нема да е пресреќна да роди дете од таков чин.
Факт е дури и дека твоето тело е твој избор и никој не може да ти каже што да правиш со него.
Но, и покрај толку факти, некој има мислење дека зигот = живот и/или дека небесен чичо казнува ако нешто се случи на тој зигот.
Малку може забегав, но ете, тоа т.н. поле на разбирање, верување, па и емпатија е ограничено кај некои индивидуи, дури и покрај толку многу факти.
Лично за мене, никогаш не ми е проблем да сменам мислење ако нештото е навистина факт кој е научно и/или поддржан со аргументи. Може да се бунам, може да не ми одговара, но евентуално се помирувам дека светот не се врти и не зависи од мислењето на мојата ценета маленкост.