Проблемот овде е што, дури и кога сме соочени со факти, кај некои капацитетот не дозволува тие факти да изгледаат логични. Не го велам ова ко навреда или потсмев, туку едноставно е факт. Некои работи се надвор од нашето поле на разбирање и верување.
Чист пример ми е галамата која се крена околу абортусот во Полска. Не знам како си дозволија такво нешто во 21ви век, уште помалку пак сфаќам како банот за абортус има поддржувачи.
Факт е дека имало и ќе има несакана бременост.
Факт е дека имало и ќе има фетуси со тешки аномалии за кои е нехумано да се родат, несвесни дека постојат, но битно да вегетираат со години, живеејќи во маки и мачејќи ги и другите.
Факт е дека има преризични бремености каде може да умрат и мајката и бебето.
Факт е дека, за жал, силувањата нема да престанат, а никоја нема да е пресреќна да роди дете од таков чин.
Факт е дури и дека твоето тело е твој избор и никој не може да ти каже што да правиш со него.
Но, и покрај толку факти, некој има мислење дека зигот = живот и/или дека небесен чичо казнува ако нешто се случи на тој зигот.
Малку може забегав, но ете, тоа т.н. поле на разбирање, верување, па и емпатија е ограничено кај некои индивидуи, дури и покрај толку многу факти.
Лично за мене, никогаш не ми е проблем да сменам мислење ако нештото е навистина факт кој е научно и/или поддржан со аргументи. Може да се бунам, може да не ми одговара, но евентуално се помирувам дека светот не се врти и не зависи од мислењето на мојата ценета маленкост.