Медитерански игри 2013, Турција

Ќе земе ли некоја од нашите репрезентации или поединци медал на ова првенство?

  • Да

    Гласови: 8 80.0%
  • Не

    Гласови: 2 20.0%

  • Вкупно гласале
    10

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Не знам кој колку е запознаен, ама годинава за прв пат настапуваме на Медитеранските игри во Мерсин, Турција.Официјално отварање и останатите главни настани се од 20 јуни, па се до 30 јуни.
Ние како земја учествуваме со околу 150 спортисти, во неколку екипни спортови (фудбал у21, кошарка мажи, ракомет мажи и жени и одбојка мажи) и многу други поединечни спортови со по еден до двајца спортисти. Тука се пливање, атлетика, бадминтон, карате, велосипедизам, џудо...
Значи учесници на овие игри се земјите кои излегуваат на Медитеранот т.е. Средоземното Море и плус уште неколку земји кои добиваат покани како на пример Македонија, Сан Марино...

20130120204602!Mersin2013logo.jpg

Денес започнаа кошаркарските турнири.
Србија славеше против Италија со 77:64.
Потоа следеше и натпреварот Македонија против Египет кој го добивме по едно продолжение со 74:67.

Нашата репрезентација е подмладена односно на првенството учествуваме со младите кошаркари. Некои од нив во зависност од тоа како ќе се покажат овде ќе бидат земени и на Европското првенство во Словенија со сениорите што ќе се одржи во септември.
Во овие кошаркари има и дечки кои учествуваат во сениорската репрезентација, ама со мала минутажа. Тоа се Дарко Соколов, Симоновски и уште неколку.

И ќе дадам коментар за денешниот натпревар. Ептен слабо го изиграа. За малку ќе беа поразени и од никаквата екипа на Египет.
Освен поединци како Бојан Трајковски кои играше одлично низ цела утакмица и постигна 20 поени, другите некако беа загубени во просторот. Дечкото ако игра вака и понатака слободно може да го викнат и со сениорите, како достојна замена на Самарџиски или Гечевски.
Се форсираше шутот за три, па само 4 тројки дадоа од 20 и нешто обиди, ударите за еден или двата ќе ги промашеа, или само еден ќе дадеа.
Многу слабо играа и се до четвртата четвртина мислев дека ги гледам женските репрезентации на Маурициус и Мадагаскар кои постигнуваат по 30 поени за тоа време.

Прва утакмица беше, се надевам ќе ги исправат грешките и утре ќе настапат сигурно против Алжир. Останува да гледаме од 16.15 на МРТ3 т.е. Собраниски.

Во врска со анкетата ако изберете да, коментирајте која репрезентацијата или поединец би освоил медал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не ми е јасно зашто упорно шутираат за 3 кога гледаат дека не им оди шутот,Тррајковски играше одлично ама ме нервира што шутира тројки во одбрана иначе супер си беше.Освен карате каде што мислам дека можеме до медал во другиве спортови сигурно не освојуваме медал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Лоша игра но добро сепак тие се млади момци среќата конечно беше на страната на Македонија и среќен сум дека го победивме Египет..Дали ќе земиме медал: Па можеби иако е тешко и нереално јас сум голем оптимист и би сакал да ја видам Македонија на тронот заедно со најдобрите.Некогаш и невозможното станува возможно :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Не знам какви се биле вчера кошаркарите, но денес не беа за кукање и лелекање.
Ми се допадна тоа што имаат добро осмислени напади и меѓусебна уиграност. Единствено на кое треба да поработат е завршницата. И одредени поединци да си ги усовршат тројките, или да не мааваат воопшто.
А за одбраната, не ми допадна многу, некако раштркано ми изгледаа. И премногу лични имаат. :|
Но, како што ги погледнав групите можеби овде имаме шанса за бронза. Не бидејќи сме премногу добри, но затоа што немаме којзнае каква конкуренција.

За младите фудбалери, не сум ги гледала како играат, но од пратењето на резултати од натпревати очекувам нешто подобро од нив (бар подобро од она што би направила сениорската репрезентација). Можеби не доволно за медал, но за некој позитивен пласман сигурно.
А за другите спортови, не сум запознаена кој-што-како, но имам надеж за некој медал во спортовите на затворено.
So, all I can do is wish them good luck. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Денес особено во вториот дел беа супер :) И нормално заслужена победа
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Slims Денес беа три класи подобри од вчера, па сега замисли си како играле.
Ми се свиѓаше тоа што некако беа послободни од вчера и уште од самиот почеток почнаа да играа добро. Вчера некако беа уплашени и секој втор напад им беше чекори, промашување, аут. Посмирени беа, ги користеа можностите и фин натпревар одиграа. Им ја честитам победата.
Пак ќе кажам Трајковски да се земе во репрезентација, а и Аврамовски исто - добро играат и под обрач и во одбрана, а и високи се (тоа што го немаме во репрезентацијата - висина). Симоновски надвор од репрезентација - зафаќа место, а ништо не покажа ни од игра, ни од одбрана.
Соколов беше добар денес, а и Костоски секоја чест. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Супер игра денес 500 пати подобро од вчера.Погодија многу тројки ама мислам дека не треба секој напад да се шутира,па и кога ќе видам центрите како шурираат тројки наместо под кош да чекаат топки.Мислев нема да стигнеме до медал во кошаркава ама ако продолжат како денес тогаш се е можно.Трајковски иначе мислам дека е земен за во Словенија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Костофски е покажа дека е добар плејмејкер, остани си брат у Куманоо и следеќу сезону : )
И он е спреман за у Словенију како добра замена за Мекелеб и Владу
После протиф турци сам оптимист, ке ги тепамо, ама јаки су : )
Ке не спаси шут за три : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Одбојкарите изгубиja од Италија 3-0. И фудбалерите се на пат кон пораз, барем кошарка да тепаме вечер. :zelen
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Костофски е покажа дека е добар плејмејкер, остани си брат у Куманоо и следеќу сезону : )
И он е спреман за у Словенију како добра замена за Мекелеб и Владу
После протиф турци сам оптимист, ке ги тепамо, ама јаки су : )
Ке не спаси шут за три : )
Шутот за три може да не спаси ама може и да изгубиме заради него.Ако не им тргнат тројките треба повеке под кош да се игра и така нашите центри се високи,а не да чекаат на тројка и само да шутираат додека не влезе една.Добра одбрана акп имаме и јас мислам дека ќе тепаме ако се јаки турциве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp