Мариово

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Мариовците се две врсти, едни се супер паметни а другите се како тие што итар пејо им продавал магла место волна.
општо сите луѓе се такви :)
Кога се оди накај МАРИОВО има едно село Штавица..Прекраасно место и природа е тоа...
images
дефакто раселено,или малку народ има во него. Сите се претежно во Прилеп. И да....еден совет....
Во Прилеп одбегнувајте го зборот Штавица.
Мариово за мене е еден од најубавите предели низ Македонија. Кој е за авантуристичка прошетка, со шатори и многу пешачење Мариово е измислена дестинација. Убава природа, интересни села, кротка природа. Интересни приказни може да се чујат од старите, од приказните за итар пејо, битките од првата светска војна, до закопаните злата што ги оставале на бегање, турците, французите, енглезите и кој се не. Има на самата граница со гејлада едно многу убаво мало манастирче во некој да речам готски стил (не е баш готски ама е далеку од стандардната наша архитектура на манастири), пола е во гејлада пола во Македонија. Таму има и една коскарница, како шахта изгледа од надвор и се влегува внатре по скали има полици на кои има сортирано наредени мноооогу коски, од некои битки вајда некои францизи се тоа, сортирани се черепи, раце, нозе, малце морничаво е ама дефинитивно нешто уникатно. Има многу за Мариово, кој не бил пропуштил многу.
http://wikimapia.org/#lat=40.930557&lon=21.7862528&z=17&l=0&m=b&v=8
Тоа е врвот Кајмачкалан
12988876.jpg


Ова манастирче?
Тоа е српска капела посветена на загинатите српски војници .
Водена е битка од 12 до 30ти септември 1916 помеѓу војска на кралска Србија и царска Бугарија. Србите претпеле огромни жртви но го зазеле врвот. Околу 5000 српски и повеќе илјади бугарски. Костурницата е за српските војници...Да не се заборави фактот дека во мртвите војници добар дел биле Македонци. Костурницата е направена по војната од осатаоците на коски на бојното поле.....тоа што не било изедено од волците.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Мариово за мене е еден од најубавите предели низ Македонија. Кој е за авантуристичка прошетка, со шатори и многу пешачење Мариово е измислена дестинација. Убава природа, интересни села, кротка природа. Интересни приказни може да се чујат од старите, од приказните за итар пејо, битките од првата светска војна, до закопаните злата што ги оставале на бегање, турците, французите, енглезите и кој се не. Има на самата граница со гејлада едно многу убаво мало манастирче во некој да речам готски стил (не е баш готски ама е далеку од стандардната наша архитектура на манастири), пола е во гејлада пола во Македонија. Таму има и една коскарница, како шахта изгледа од надвор и се влегува внатре по скали има полици на кои има сортирано наредени мноооогу коски, од некои битки вајда некои францизи се тоа, сортирани се черепи, раце, нозе, малце морничаво е ама дефинитивно нешто уникатно. Има многу за Мариово, кој не бил пропуштил многу.
тоа е манастирот на кајмакчалан ... планирам еден викенд од летово да поминам таму ...
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ете тоа е манастирчето... како што реков вреди да се посети и да се види
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Еве за Трескавец мало видео,вреди да се погледне
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Расимбегов Мост / Црна Река [Р1 107]
22391857.jpg


Карпа кај Расимбегов Мост
48865974.jpg


Камени печурки
16424200.jpg


Манастир Св. Ѓорѓи - Дуње
19280773.jpg


Црна Река
19280923.jpg


извор: Panoramio​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Сара.13