Мариово е област која се наоѓа во Јужниот дел на Република Македонија. Изобилува со прекрасни природни убавини и реткости. Мариово е македонска област карактеристична по својата историја, етнологија, традиции и култура.
Историја на Мариово
Областа Мариово била населена уште од антиката, а била и дел на Античка Македонија, за што сведочат остатоци од многу тврдини и пронајдоците на штитови и останати предмети од антиката. На подрачјето на Мариово во 1564 / 65 година се случила познатата Мариовска буна која била првата масовна форма на отпор на Македонскиот народ против Османската власт поттикната од бесправните даноци и неподносливите услови за живот, а подоцна во 1688 / 89 била подигната уште една Мариовска буна под влијание на Карпошевото востание. Мариово било една од ретките области во кои, за целото владеење на Турците, немало процеси на исламицазија и колонизација на турско и муслиманско население. За време на турското владеење, особено во раниот период, Мариово било посебна административна единица „хас“ (слично на денешниот термин автономна покраина) која му плаќала одредена сума на пари на султанот, а за возврат жителите не биле поданици на беговите и не биле цел на нивните малтретирања и изживувања. Кон крајот на турското владеење, во илинденскиот период познатиот Шаќир Војвода од Мариово водел борби со турскиот аскер, како реонски војвода на областа. Мариово од секогаш важело за македонски бунтовен и немирен крај не само за турските власти, туку и за сите натамошни окупаторски власти.
Села во Мариово
Битолско Мариово: Старавина, Маково, Рапеш, Зовиќ, Градешница, Будимирци, Груништа, Орле, Брник, Ивени и Петалино.
Прилепско Мариово: Витолиште, Бешиште, Вепрчани, Врпско, Дуње, Живово (на народен говор: Жиово), Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Полчиште,Пештани, Чаниште и Гуѓаково (на народен говор Гудјаково).
Тиквешко Мариово:Рожден, Клиново, Р'жаново,Мајден и Галиште.
За повеќе прочитајте тука: http://mk.wikipedia.org/wiki/Мариово

Некој дали бил и какво е? Изобилува со потенцијал за селски туризам..