општо сите луѓе се таквиМариовците се две врсти, едни се супер паметни а другите се како тие што итар пејо им продавал магла место волна.

дефакто раселено,или малку народ има во него. Сите се претежно во Прилеп. И да....еден совет....Кога се оди накај МАРИОВО има едно село Штавица..Прекраасно место и природа е тоа...
![]()
Во Прилеп одбегнувајте го зборот Штавица.
http://wikimapia.org/#lat=40.930557&lon=21.7862528&z=17&l=0&m=b&v=8Мариово за мене е еден од најубавите предели низ Македонија. Кој е за авантуристичка прошетка, со шатори и многу пешачење Мариово е измислена дестинација. Убава природа, интересни села, кротка природа. Интересни приказни може да се чујат од старите, од приказните за итар пејо, битките од првата светска војна, до закопаните злата што ги оставале на бегање, турците, французите, енглезите и кој се не. Има на самата граница со гејлада едно многу убаво мало манастирче во некој да речам готски стил (не е баш готски ама е далеку од стандардната наша архитектура на манастири), пола е во гејлада пола во Македонија. Таму има и една коскарница, како шахта изгледа од надвор и се влегува внатре по скали има полици на кои има сортирано наредени мноооогу коски, од некои битки вајда некои францизи се тоа, сортирани се черепи, раце, нозе, малце морничаво е ама дефинитивно нешто уникатно. Има многу за Мариово, кој не бил пропуштил многу.
Тоа е врвот Кајмачкалан

Ова манастирче?
Тоа е српска капела посветена на загинатите српски војници .
Водена е битка од 12 до 30ти септември 1916 помеѓу војска на кралска Србија и царска Бугарија. Србите претпеле огромни жртви но го зазеле врвот. Околу 5000 српски и повеќе илјади бугарски. Костурницата е за српските војници...Да не се заборави фактот дека во мртвите војници добар дел биле Македонци. Костурницата е направена по војната од осатаоците на коски на бојното поле.....тоа што не било изедено од волците.