Мали зборови од големо значење

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Те сакам не го употребувам :D, дома на моиве не и викам те сакам, на брат ми не,на роднини не, дечко неам, на симпатија не и така.
Благодарам го употребувам најчесто од овие 3 збора.
Извини го користам кога се извинувам за нешто или на некој и навистина го мислам тоа. Но ретко го користам, се трудам да не грешам, повредам некој.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Извини - користам често.
Благодарам - не користам, зашто користам фала, како и сите останати. :zelen
Те сакам - не користам зашто нема кого да му го кажувам тоа. (talk)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Те сакам-Го користам често затоа што имам дечко
Благодарам-Секојдневно го користам овој збор нормално доколку има за што да се заблагодарам.
Извини-Го користам но не многу често бидејќи немало причина но ако згрешам нешто го кажувам затоа што навистина мислам така и ја признавам грешката
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
"Те сакам" го користам најмалку од сите бидејќи не е израз што треба да се расфрла наоколу и значењето негово е каде-каде поголемо од значењето на "извини".

"Благодарам" (или просто кажано - Фала) го користам најмногу. Истото се важи и за "извини", само повеќе го користам во оваа форма: "Се извинувам, но дали/кога/како/зошто ________?" наспроти она "Извини" после караници, повредувања, навредувања, итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars