Макробиотичка исхрана

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Оваа исхрана опфаќа конзумирање на разни видови интегрални житарици, мешункасти плодови, зеленчук и овошје. Што се однесува до месото, се инсистира негово избегнување а предност и се дава на рибата.
Макробиотиката е цела една филозофија, замислена како јин и јанг, но нема да навлегуваме во тоа.

Предноста на оваа исхрана е што во неа преовладуваат многу сложени јаглехидрати и влакна од овошјето и зеленчукот, па како таква служи за превенција од срцеви и малигни заболувања.

Негативна страна секако дека има, а тоа е недостаток од калциум, витамин Б12, и протеини со оглед на фактот дека млекото и месото се исфрлени од менито.

Ја сместив во категоријата диети, затоа што токму со козумирање на храна од оваа категорија, вишокот килограми е незамислив.

Во Скопје постои ресторан, во чие мени ќе најдете исклучиво макробиотички рецепти.

Дали сте се хранеле некогаш на овој начин?
Дали мислите дека навистина овој начин на исхрана е потполно здрав и соодветен за едно нормално функционирање?
Дали сте посетиле можеби некој ваков ресторан?
Ваши искуства, па дури може и макробиотички рецепти ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Каде се наоѓа тој ресторан ? :)
 

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
Јас пошто сум студент на еден таков факултет за правилна исхрана ... сега овај семестар слушам предмет во кој научив дека млечните и месните производи се доста битни за здравјето а посебно за растот и развојот на децата но не и незаменливи за воздрасните така да сојата е доста добар извор на витамин б и протеини па зато можи да се конзумира во замена ... Секако дека житните и јаткастите производи се доста битни за здравјте се препорачуваат за здрава кожа, за срцето и разни видови на заболувања... Исто така и овошјето и зеленчукот .. Затоа јас мислам дека еден ваков начин на исхрана е добар за здравјето ... Многу е добро што и се дава предност на рибата .. поради што таа содржи многу од омега 3 витаминот и е потполно добра замена за местото од друг тип на животно. Тие што можат да го издржат ваквиот режим на исхрана добро е да се проба.


Ако од исхраната ги исклучиме белковините од животинско потекло, дали е тоа ризично за нашето здравје, посебно за здравјето на трудниците, доилките и децата?
Одоговорот е: Растителни извори на протеини се: мешункастиот зеленчук (соја, грав, грашок, боранија, леќа), јатчестите плодови (ореви, бадеми, лешници), целото зрно на житариците, а посебнонивните `ркулци, ртолест зеленчук (компир, морков, репка) и кикирики, печурки.
Сојата е најбогат извор на белковини. Во иста количина содржи 5 до 7 пати поголема количина на протеини, во споредба со месото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar and True_Blood

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
Абе каква микробиотичка...дај ваму скарата :rofl

Кој и да е татко на болеста, мајката и е лошата исхрана“.

НАШЕТО ЗДРАВЈЕ СЕ ГРАДИ ИЛИ РУШИ ДОДЕКА СЕДИМЕ НА ТРПЕЗАРИСКАТА МАСА...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Sugar