Оваа тема ја отварам, поради темата што ми е отворена од порано "Постои ли избор" каде што сите ме убедувате дека избор постои, а јас пак велам дека не постои. Сега преку пример ќе ви покажам што всушност значи тоа да имаме избор.
Во четвртокот(празникот) 11.10.2012 заедно со комшијата излеговме нешто по работа со мојата кола. Завршивме што завршивме работа се вративме дома. Се паркирав со колата пред соседната зграда, зошто немаше место пред мојата зграда. Потенцирам местата за паркирање не се обележани ниту пак се во нечија сопственост односно се во сопственост на РМ или на сите граѓани дури и граѓани од друга земја, и буквално се паркираме на улица блиску до тротоар, со тоа што оставаме простор да поминат други коли. Ја паркирав колата и излегов од неа. Жител на зградата од балконот ми дофрли со налутен тон: Ова е мое место, јас тука паркирам, кога ке се вратам од работа не можам да си најдам место за паркирање, па морам да правам обиколки околу населбава за да си најдам место за паркирање. Јас го ислушав човекот и се изнасмеав, заради апсурдноста на тоа што го кажа, тоа што го кажа според мене е апсурдно да си го помислиш, а камоли да го кажеш. Замислете ја само ситуацијата: Сите жители на населбава да земат да си кажат ова е мое место и да си заградат дел од патот, што тогаш? Ќе има ли простор да се разминат или поминат други коли. Или друг апсурден момент воден од тој принцип, да земе некој да си се паркира на сред рекорд во Скопје на улица и да си каже ова е мое место. Апсурд. Од кога се изнасмеав, човеков ми се закани и ми вика: Смеј се, смеј се ќе видиш ти. Јас не му обрнав внимание туку едноставно го игнорирав, нејкам да си го расипам денот да се замарам со будали. Дури и комшијата што беше со мене му врати:Абре будало една, па ти нормален ли си?
После тоа си праев со комшијава муабет и ми вика дека нашол камења позади тркало на неговата кола и кока кола истурено на шофершајбна мислејки дека се некои деца си играле и си праеле шеги. Сега виде дека постои шанса овој дотичниов му ѓи има правено сите овие ујдурми . Во петокот, наредниот ден тргнувам на пат со колата. На скопската патарина(петровец) колата ми изгаси и нејкеше да запали па ја избуткав на страна. Отварам хауба, што да видам цревото што влага во хладњакот извадено, стегата што го држи цревото олабавена и цревото излегло. Не сум механичар но одприлика знам за што служи ладењето на колата. Во случај да престане да работи системата за ладење на колата, моторот крева температура и зарибува, а тоа значи блокада на мотор, а со тоа и блокада на тркала. Е сега блокада на тркала на автопат при брзина од 120 км на час на наши македонски патишта, што може да се случи со колата, а во колата сме јас, две внуки од сестра 5 и 11 год и братучеда на 15 год. Што може да се случи???????????????????????????
Сега да не должам многу со текстов имам голема основа и други причини да се сомневам во тој човек, покрај упатената закана.
Е сега ве прашувам вас интелегентни луѓе, кажете ми како, со кој морал, со кој мозок, со која логика, со која етика, со која хуманост тој човек ИЗБИРА да ми ја саботира колата и не става во смртна опасност мене и моето семејство. И поради што, заради едно паркинг место. Ако се распрашате меѓу лугето ќе видите дека овој пример не е единствен од оваа прирада, туку има многу вакви исти и слични, а ќе се убедите дека таквите луѓе функционираат во општеството, си одат на работа, си имаат семејство итн. Што значи се квалифицирани како нормални и функционални особи. И сега вие ме убедувате дека таквите луѓе се психопати, мрднати во паметот, будали итн итн, кога всушност се нормални луѓе. Па добро тогаш зошто се осудува на таков избор, да ми ја "поправи" колата заради тоа што сум се паркирал на "неговото место".
Па прашањето ми е дали средината во која тој растел го направил таков каков што е за да направи таков избор, или нешто со тој човек не е во ред? Или пак сум јас ненормален, ретардиран заради тоа што му се изнасмеав у фаца заради апсурдноста на тоа што го кажа? И како нормално (како нормален здрав човек) да реагирам во целава ситуација? Или како вие би реагирале кога би се нашле во таква ситуација?