Македонско лудило

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Оваа тема ја отварам, поради темата што ми е отворена од порано "Постои ли избор" каде што сите ме убедувате дека избор постои, а јас пак велам дека не постои. Сега преку пример ќе ви покажам што всушност значи тоа да имаме избор.
Во четвртокот(празникот) 11.10.2012 заедно со комшијата излеговме нешто по работа со мојата кола. Завршивме што завршивме работа се вративме дома. Се паркирав со колата пред соседната зграда, зошто немаше место пред мојата зграда. Потенцирам местата за паркирање не се обележани ниту пак се во нечија сопственост односно се во сопственост на РМ или на сите граѓани дури и граѓани од друга земја, и буквално се паркираме на улица блиску до тротоар, со тоа што оставаме простор да поминат други коли. Ја паркирав колата и излегов од неа. Жител на зградата од балконот ми дофрли со налутен тон: Ова е мое место, јас тука паркирам, кога ке се вратам од работа не можам да си најдам место за паркирање, па морам да правам обиколки околу населбава за да си најдам место за паркирање. Јас го ислушав човекот и се изнасмеав, заради апсурдноста на тоа што го кажа, тоа што го кажа според мене е апсурдно да си го помислиш, а камоли да го кажеш. Замислете ја само ситуацијата: Сите жители на населбава да земат да си кажат ова е мое место и да си заградат дел од патот, што тогаш? Ќе има ли простор да се разминат или поминат други коли. Или друг апсурден момент воден од тој принцип, да земе некој да си се паркира на сред рекорд во Скопје на улица и да си каже ова е мое место. Апсурд. Од кога се изнасмеав, човеков ми се закани и ми вика: Смеј се, смеј се ќе видиш ти. Јас не му обрнав внимание туку едноставно го игнорирав, нејкам да си го расипам денот да се замарам со будали. Дури и комшијата што беше со мене му врати:Абре будало една, па ти нормален ли си?
После тоа си праев со комшијава муабет и ми вика дека нашол камења позади тркало на неговата кола и кока кола истурено на шофершајбна мислејки дека се некои деца си играле и си праеле шеги. Сега виде дека постои шанса овој дотичниов му ѓи има правено сите овие ујдурми :). Во петокот, наредниот ден тргнувам на пат со колата. На скопската патарина(петровец) колата ми изгаси и нејкеше да запали па ја избуткав на страна. Отварам хауба, што да видам цревото што влага во хладњакот извадено, стегата што го држи цревото олабавена и цревото излегло. Не сум механичар но одприлика знам за што служи ладењето на колата. Во случај да престане да работи системата за ладење на колата, моторот крева температура и зарибува, а тоа значи блокада на мотор, а со тоа и блокада на тркала. Е сега блокада на тркала на автопат при брзина од 120 км на час на наши македонски патишта, што може да се случи со колата, а во колата сме јас, две внуки од сестра 5 и 11 год и братучеда на 15 год. Што може да се случи???????????????????????????
Сега да не должам многу со текстов имам голема основа и други причини да се сомневам во тој човек, покрај упатената закана.
Е сега ве прашувам вас интелегентни луѓе, кажете ми како, со кој морал, со кој мозок, со која логика, со која етика, со која хуманост тој човек ИЗБИРА да ми ја саботира колата и не става во смртна опасност мене и моето семејство. И поради што, заради едно паркинг место. Ако се распрашате меѓу лугето ќе видите дека овој пример не е единствен од оваа прирада, туку има многу вакви исти и слични, а ќе се убедите дека таквите луѓе функционираат во општеството, си одат на работа, си имаат семејство итн. Што значи се квалифицирани како нормални и функционални особи. И сега вие ме убедувате дека таквите луѓе се психопати, мрднати во паметот, будали итн итн, кога всушност се нормални луѓе. Па добро тогаш зошто се осудува на таков избор, да ми ја "поправи" колата заради тоа што сум се паркирал на "неговото место".

Па прашањето ми е дали средината во која тој растел го направил таков каков што е за да направи таков избор, или нешто со тој човек не е во ред? Или пак сум јас ненормален, ретардиран заради тоа што му се изнасмеав у фаца заради апсурдноста на тоа што го кажа? И како нормално (како нормален здрав човек) да реагирам во целава ситуација? Или како вие би реагирале кога би се нашле во таква ситуација?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Ghtalpo and parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Динг донг динг донг ....здрао здрао брат ти дали си нормалан ке ме убиеш мене и мое семејстфо заради обично место за паркираење за кое викаш дека е тфое а устфари не е тфое!!!
Ама џабе... џабеееееее!!!
Сурова реалност брат, за денар кусур човек на касу ке тепаше касиерку, а не па за паркинг место да ти напраи некоју диверзију
И да пријавиш џабе, немаш докази, да се одмаздиш не вреди а додуше и не е тој решење, јебига.. тој ни е
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Дали паркингот бил на некој начин обележан дека е само за станарите на ТАА зграда?
Проблемот е што секое паркинг место го направија да се плати и луѓето немаат каде да ги паркираат колите кога одат на работа, па најчесто го прават тоа на паркинзите од зградите - таму е бесплатно.

Во секој случај, постапката ни на крај памет не ми е да ја оправдам. Мене ми се случило да најдам писменце со закана „ако уште еднаш паркираш тука...“ итн.
 

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Динг донг динг донг ....здрао здрао брат ти дали си нормалан ке ме убиеш мене и мое семејстфо заради обично место за паркираење за кое викаш дека е тфое а устфари не е тфое!!!
Ама џабе... џабеееееее!!!
Сурова реалност брат, за денар кусур човек на касу ке тепаше касиерку, а не па за паркинг место да ти напраи некоју диверзију
И да пријавиш џабе, немаш докази, да се одмаздиш не вреди а додуше и не е тој решење, јебига.. тој ни е


Ахаам, значи да си свијам пашката меѓу нозе и да се тргнам на страна од таков будала. Добро. А што ако ти или некој друг што не знае со каков будала си има работа се паркира на тоа место? Што ако некој со семејство со деца се паркира на тоа место, ќе загинат или уште полошо да останат инвалиди за цел живот или уште полошо децата и жената да загинат, а таткото да остане жив? Каков живот би бил тој? Треба ли некој да поѓине за да некој нешто направи? До кога македончево ќе ја пика пашката меѓу нозе и ќе стои настрана и ништо нема да преземе? До кога? До кога? До кога? Или сум јас само ретардирана будала што се борам против вирусов(лудило) што се шири како епидемија меѓу народов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak and parvati

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Дали паркингот бил на некој начин обележан дека е само за станарите на ТАА зграда?
Проблемот е што секое паркинг место го направија да се плати и луѓето немаат каде да ги паркираат колите кога одат на работа, па најчесто го прават тоа на паркинзите од зградите - таму е бесплатно.

Во секој случај, постапката ни на крај памет не ми е да ја оправдам. Мене ми се случило да најдам писменце со закана „ако уште еднаш паркираш тука...“ итн.

Потенцирано ми е дека паркингот не е обележан, ниту пак е напишано или соопштено или на било кој начин кажано дека тој паркинг е само за таа зграда. А паркингот си е бесплатен.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Потенцирано ми е дека паркингот не е обележан, ниту пак е напишано или соопштено или на било кој начин кажано дека тој паркинг е само за таа зграда.
Ги разгледувам опциите што би можел да направиш:
- Да пријавиш во полиција, не дека ќе има ефект ама ете нешто си направил.
- Да му го дознаеш аутото и да му вратиш, во тој случај не си ништо подобар од него
- Да се помириш дека таму живее будала и да не се паркираш веќе таму :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks and parvati

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Јас сум темпераментен во вакви случаи...имав една слична прилика со едно старче, го патосирав, и ме зедоа во полиција, па боксот ми го вратиа 2 кратно со се записник(facepalm) Не ти препорачувам да одиш и да правиш проблеми....мада јас до сега би пошол да ги расчистам сметките:zelen
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ахаам, значи да си свијам пашката меѓу нозе и да се тргнам на страна од таков будала. Добро. А што ако ти или некој друг што не знае со каков будала си има работа се паркира на тоа место? Што ако некој со семејство со деца се паркира на тоа место, ќе загинат или уште полошо да останат инвалиди за цел живот или уште полошо децата и жената да загинат, а таткото да остане жив? Каков живот би бил тој? Треба ли некој да поѓине за да некој нешто направи? До кога македончево ќе ја пика пашката меѓу нозе и ќе стои настрана и ништо нема да преземе? До кога? До кога? До кога? Или сум јас само ретардирана будала што се борам против вирусов(лудило) што се шири како епидемија меѓу народов.
брат и ја сам ЗА да не смо више офце!!! ....стриже не кој стигне у овј државу
ама ете и што ако пријавиш без докази, што ? ништооо тој затој ке си остане...
Еве киду офтопик и ке ти дам прост пример дека не вреди некад да се пријави у полицију нешто
...едн другар бифш афганистанац(значи печалбар и има некој кеш поише) пријави у полицију еднога дечка кој веќ има големо досие затој што му тражи 500 евра...
ке продужу дом, дојде ми шеф : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Еве ви уште еден пример за вирусов:
Сабајлево на работа требаше да се земат некои работи од логинг. Јас се пријавив да отидам за да се "оладам" и да ја намалам нервозава која уште ме трае. Решив да идам со точак да изнајмам од плоштад. Идам до паркингот за точаци гледам 50-тина наредени. Го прашувам одговорниот за слободен точак , ми вика нема. Му викам како нема еве 50 наредени. Ми вика не се исправни. Кој без кочници, кој без калници, без корпи, скапани гуми, искривени бандажи итн итн итн. Па добро бе како може бре сите до еден да се упрапастат во толку краток период. Како може? Која е таа култура на народов да краде работи што им припаѓаат на сите и ги користат сите. Да земат да ги оштетуваат со намера. Па добро бе нели и на тој еднаш ќе му затреба тој точак, или на неговото дете? Стварно не можам да разберам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and parvati

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Немам коментар за простилукот,неразмислувањто,некултурата,ограниченоста и себичноста на луѓето во Македонија,но веќе не ме чуди ништо овде, се помирив дека оваа наша земјичка сé држи.(facepalm)
Мој свет,подалеку од таквите...:x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Martin_MKD