Па скоро сите се исти со турскиве и арапскиве серии, но би го издвоил Сител како најдобар. Имаат добри вести и подобри програми од другиве (освен сериите турски).
Сакаат гледаност, а а седнеш да гледаш нешто а да не е турска серија или глуп квиз, ќе дадат реклами на пола, па после место да продолжи тоа што си гледал, даваат сосема нешто трето, т.е реприза од некоја емисија што 6 години не постои.До кога македонските телевизии ќе си менуваат програма како што им текне? Додека си се навикнал на еден термин тие го ставиле во друг .. и до кога со тие мизерни одговори дека немаат пари за фудбалските лиги , американските серии или недајбоже да им текне да продуцираат нешто наше!? Затоа имаат секогаш пари за да ги откупат сите можни турско/индински плачковци кои го затупеа народот ...
Никогаш не верувај на медиум кои објавува слики на фб од типот: лајк за ова христијанче. Мислам ок е да се става слика за некој настан. Овие ја претераа. Додуша, што да правиш, демек треба нешто за телевизија. Се сеќавам еден на МТВ пред 10-тина години, се искриви на камерата, додека беа вестите, водителот другиот ден го снема. Во врска со настанов, нема што да се коментира. Напишан од новинари кои никнуваат ко печурки после дожд."Телото што беше пронајдено припаѓа на Маја Блажевска. Дали е ова првата жртва на врските преку фејсбук?"
Ова Сител тв, ударна вест.
Ова ми ја претури чашката на толерантност спрема овој "медиум". Добро луѓето од телевизијава себеси се преценуваат или толку го потценуваат народот? Која е целта, манипулација со народот, вовед во некое ново политичко срање или закони?
Како може една ваква бедна телевизија која од авион се гледа под какви сомнителни околности се одржува да биде некому омилена? Поради програмата ли? Цел ден турски серии и нашминкани вести, по некојси дебилен квиз со истрошени водители и повторно реприза од турска серија.
Прва жртва од врските на фб? Како себеси може да си го дозволи ова еден медиум од таква класа? Ова е глупо и да се каже во нискобуџетен жолт печат со пет страни, а не на вести од демек висок калибар?
Па пари да ми даваат веќе ова срање не го чувам на тв.