Македонска поезија

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ако не си ти – Петре М. Андреевски

Доближи се слико на светот од едниот до другиот крај
и по бојата на твојот фустан ќе погодам
како ќе изгледа времето.
Инаку во чија глава би ме темнело
и во чија соба би ме разденувало,
ако не си ти.

Зборот мој внесува поголем простор во помалиот
и јас постојам само онаму кај што и ти постоиш.
Оти никогаш досега не сум поминал
онаму кај што ти не си била.
Затоа не знам кого би го мразел и кого би го сакал,
ако не си ти.

Навечер ја вадам мојата куќа од твојата куќа
и светлото на инсектот од незнајните гласови
што ги `рѓосуваат машините во пчелите.
И пак не знам каква ракија би пиел
и кој со мојот сон би спиел,
ако не си ти.

Што не може да каже земјата му го порачува на растението,
додека јас со туѓо лице те пронаоѓам,
а со твоето те губам.
И додека насекаде се распрашувам
на кој крај од светот
би се разминувале денот и ноќта,
ако не си ти.

Доближи се како цветот што има корен на небото
и по бојата на твојата уста ќе погодам
во кој овошен плод ќе заврши летото.
Инаку кој дури зборува ќе го отвара кафезот
за да ја пушти птицата што го збогатува воздухот,
ако не си ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
ЉУБОВ

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе...

Прашинка љубов, прашинка ништотна,
прашинка невидна,
но сепак љубов, сепак љубов.

Дај да те имам во дланкиве
Нетежина, Несетило.
Дај да поверувам дека си во мене,
стуткана некаде во мене.

Милувам прашинка да си,
Тих повеј да ми те донесе...

Како што на пролет цветниците зачнуваат
дај да те заплодам,
за да се родиш во мене
љубов богатница, љубов имовита,
љубов плод љубов надрочен.

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе...

Но, јас те имам немаштино
најтрајна недостиг,
најблиска недофат,
најголем недорек,
па место грижата за тебе
поначесто сум доволен од себеси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
„Сакаш ли вечна среќа - не спиј!
Превртија ноќта во ден!
Зошто оној што спие е слеп,
а при успаните среќата не доаѓа.
Но еве ви еден совет на сите што сте тука:
зградата построена во прав -
во прав и ќе се урне.
Ако ви се случи тоа -
не обвинувајте го ни Бога ни човека:
самите сте виновни.
Избегајте поскоро од затворот на своето „Јас“
Одделете се макар на чекор од себеси
и ќе видите -
во ружите освен трње
има и ружи.“

Томе Арсовски - Парадоксот на Диоген
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
„Дениција“, 1968 -Петре М. Андреевски


„Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“.

„Ти ме призираш од небото и од земјата, а мене никако не ми успева да ти кажам дека и мојата смрт започнува по твојата и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира мислејќи само на тебе Дениција...“

„Молњата што минува низ тебе во мене се одразува и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“.

„Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство“.

„Кога ја љубев Дениција, како да калемев светлина на мракот, како да топев снегови фатени во движење, како да станував единствен сведок за бакнежот меѓу металот и громот“.

„Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам ќе ги затнам сите извори, сè што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш.

„Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш“.

„По нејзината воздишка го запомнував воздухот за да можам да ја стигнам, незабележан од никого, но таа беше побрза од сите небесни светлини, зашто секаде сама си го осветлуваше патот“.

„Ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот, ни притаената светлина во купениот кибрит;
ништо не е повидливо од твојата трага пред мене и зад мене, со мене и во мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Achernar

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

ПРОГОНЕТИ ОД РАЈОТ

I
Се затвори зад нас портата.
Како светкавица светна пред нас патот
на дните идни
и згасна.
Сега сме голи и сами
пред оваа пустелија на мракот и каде
Треба да измислиме распаќе на кое да се расп-
нат нашите погледи
пред да појдат на патот што го нема.
He свртувај се назад.
Висока е таа ограда што ја проколнавме со сво-
јата непокорност
висока е до небо и преку нашите очи
И не можеме повеќе да го видиме она убаво дрво
со плодови
на кое го распнавме бога и се откажавме од него
Сега одиме голи и пусти низ мракот што ќе треба
да го оплодиме со зрна што не се невратка и студ
во пазувите без пазуви.
Го барав виновникот за таа светлина од радост
радознала
што ме ослепи слеп при очи и глуп при многу
мозок
Ти си Таа Твоето тело со очи од божило
што зрачеа над
оние шарени гранки што не се забораваат
и по кој се јазев високо и високо по едно
далечно сонце
за да лазам сега така грд и гол
И што ми даде
Дури и од оној што ме створи се откажав и
фрлив со камен
по неговата добрина
заради непокорноста со која ме исполнија
твоите очи
виновници на непокорната убавина за која
страдам.
Се затвори вратата.
И светна пред нас патот на дните идни
и згасна.
Сега останавме без него сами и пусти во мракот
Ќе измислиш ли ќе измислиме ли распаќе
по кое ќе тргнеме сега ти виновнице на мојата
невиност
на која ù дадов сè за да ме врзеш со зборот
за вечни времиња.

II
Ти беше убав и сит и извишен но сам
како ластарот што нема по што да се изјази
кон сонцето
и јас без оној зрак од светлина по кој се
крена твојот поглед над очите и сонот
И што сум виновна што те откажав од тој
што те создаде
творцу на мојата осаменост грда на убавото тело
кога станав ѕид по кој се изјази за да видши
преку неговите рамена
во виножитото на дните идни што светна за час
и згасна.
Ти загриза во таа убава непокора за која си
доволно храбар па се каеш
што го изиевери тој што те насити и осамоти
Сега веќе не си сам ластар си лози сме две
во костец
една со друга со времето
се храниме со крвта што си ја цицаме меѓу себе
И добро ни е што никој рид не ни крева
макар да се изрониме од убавина
Me имаш мене и не жалам Ќе измислиме пат
до смислата на оова постоење
што не знае за бога туку само за љубов
и трнливости.

III
Ce затвори зад нас портата.
Како светкавица светна пред нас патот
на дните идни
и згасна.
Сега сме голи и сами
пред оваа пустелија на мракот и каде
Ќе измислиме ли распаќе на кое да се распнат
нашите погледи
пред да појдат на патот што го нема.
Ο распаќе темно и благословено од љубовта
горка и неоткажна
Нејзиното топло oко и во ноќта зрачи и ги соз-
дава страните на виделото
по кое треба да се појде
Толку е тешко и стравливо и заморно ова гра-
дење на патишта
низ ништото од ништо
Но ги изградивме сепак и станавме првите
фиданки што ги населија
И кој да ги разруши постои едно топло око пак
што ќе нè научи што ќе нè научи да ги гра-
диме.
Сами.

Рамноденица (1963),
Матеја Матевски

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Петре М. Андреевски - На гробот на Дениција


Над мене сив облак и сива орлица
се договараат за нешто,
а јас мислам дека кај тебе
ме потскажуваат, Дениција.
Оти дошто видов кула и пладневна топола
беа како твојата става, Дениција.
Дошто сретнав омарнина и жито во движење
беа како твојата коса, Дениција.
Дошто открив сончоглед и светла пушкарница
беа како твоите очи, Дениција.
Дошто сретнав залез, дошто пресеков лубеница
беа како твојата уста, Дениција.
А сите мери житен уем, сите крушки кантарки
беа како твоите дојки, Дениција
Дошто ме размина мило и отпетлано крило
беа како твоите клепки, Дениција.
Дошто скинав сламка и маслинова гранка
беа како твоите прсти, Дениција.
Дошто отворив прозорец и непрочитана книга
беа како твоите предници, Дениција.
А сите напуштени мамузи и узенгии
беа како твоите обетки, Дениција.
Дошто чув за разлутени ридови и мориња
беа како твоите колкови, Дениција.
Дошто видов глуварици и плужни ралици
беа како твоите стапала, Дениција.
А видов што видов и ништо не видов
оти везден се искачувам по душата од мртвите,
везден слегувам по дождот и маглите
и секаде задоцнувам да те стигнам тебе.
Потоа ѕемнам кај што мислам дека ќе поминеш
и сите градски порти ги оставам отворени
во секое време за да можеш да се вратиш.
Ти ме приѕираш и од небото и од земјата,
а мене никако не ми успева да ти кажам
дека и мојата смрт започна по твојата
и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира,
мислејќи само на тебе, Дениција.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

ВРАЌАЊЕ НА ПОРАЗЕНИОТ

Дали се прашувавте
дали скоро ќе се врати
и дали ќе ја доведе со себе
својата сенка
и дали песот ќе го врзи
за нечија насмевка
или за трнот
на кој цути непозната реч?

Дали поверувавте
дека зимата треба да ги охрабри
оние што ги одмина летото
оние чија тиха ѕвезда
упорно ја следи својата патека?

Дали го прашавте
што памети а што заборавил?
Дали оставивте да поверува
дека е добредојден
нудејќи му место
до себе на трпезата?

Дали изнесовте од визбата
од она вино
што само на победниците им го нудите?

- Србо Ивановски, Штип
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Не ни помислувај да излезеш надвор

Не ни помислувај да излезеш надвор:
пред вратата страшилата демнат.
За сиот студ во коските собран,
за сите горчини,и за сите понижувања,
врз тебе ќе скокнат, ќе те удават.

Заклучи се дома. Загледан во некој ќош,
на таванот во некој точка,
одболувај ги сите достапни а забранети нешта.
Ни песни немој да составуваш.
Остави ја таа работа за среќните и лажливи поети.

Ти решавај крстозборки, реди си коцки.
Не лути се човече играј си по цел ден,
смени ѝ го името на играта,
наречи ја Кутер, несреќен, уловен човеку.
Откажи го телефонот, низ клучалката ѕиркај.

Ноќе, притаен во дивата мешунка на ветрот,
низ мртвите черупки на ѕвездите желки
провирај ја црната преѓа на мракот,
тркалај го, ко балагер, месечевиот 'рѓосан клопак
во амбисот на светот.
Гризи си нокти, офкај...

Ако, сепак, не ти пукне срцето од болка,
копај во бунарот на молкот,
сѐ уште и сѐ уште размножувај очај,
може последната капка надеж,
прецизна како куршумот истрелан од твојата сопствена рака,
ќе си осветли пат до твоето чело.
Миле Неделкоски
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Еј Рацине, срцево ми ќе се кине од твоите стихови безвремени, да можеш да се разбудиш, ќе видиш ништо не е сменето, само векот не е ист.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*