Македонска поезија

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Во тишината – Цане Андреевски

Понекогаш е толку тихо
во полето на нашето чувствување,
и како ветки есенски, оголени
стрчиме без тревожното бранување.
Умората ги дипли своите пласје
врз крилјата на нашите лудувања,
тишината со здивот свој ги гаси,
ги ништи и најмалите жеднувања.
И боли таа тишина несакана
со тоа спокојство натежнато и камено,
па тогаш пчела сум – во мракот изгубена,
скаменета во својата осаменост.

Ацо Шопов – Ќе те сретнам по многу лета


Ќе те сретнам по многу лета
По многу премрежја и дни
Снежен повит в коси ќе ми цвета
Снежно-бела ќе бидеш и ти.
Без возбуда, без болка без трепет
Ќе ме плисне твојот леден сјај
И срцето завеано в пепел
Рамнодушно ќе прошепне – крај.
Сал можеби на лицето бледо
Горчлив осмев ќе се јави пак:
На чувствата изгаснати - сведок
На страстите истлеани – знак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
КАЖИ МИ НЕБО

Кажи ми небо.Мое небо.
Кажи ми:Небо на тишината.
И јас,мало стебло во темната
јас ќе се откорнам со сета вековна немоќ,
и извишен високо,високо,високо,високо,
високо ко топла човечка зеница,
ќе станам небо,твое небо
ќе станам небо на една Деница.

Но не кажувај ми дека сум слаб,
но не кажувај ми дека сум немоќен
и да им погледнам во очи на тревките
но не кажувај ми дека од сите треви
во мене шумат само најкревките.
скриј ја и премолчи денес вистината
за едно мое поденешно утре.

Кажи ми небо.Мое небо.
Кажи ми:Небо на тишината.

Ацо Шопов
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
КРШЕЊЕ, ПРЕКРШУВАЊЕ

моментот кога се прекршуваш
низ себе: како бои од виножито
низ призма, како звук на стакло
врз мермер. боли моментот, доаѓа
ненајавен а очекуван. и ти доаѓа
да пееш, да се смееш, да танцуваш,
да не мислиш на себе додека
се прекршуваш.

па го фаќаш првиот воз
кон заборавот, со карта
во еден правец, без багаж.
би сакал да мислиш – без багаж.

пејзажите низ кои поминуваш
се совршени огледала на твојата
појава, на твојата душа, на твојот
божем незаинтересиран лик.
те клопоти возот, до првото
пристаниште: морето те повикува
со својата занесна бескрајност.

низ прекршувањето
на морските капки
гледаш виножита;
некаде далеку татни,
небото се крши.

-Игор Исаковски

ТЕ БОЛИ ЦРНАТА СВЕТЛИНА ШТО ТЕ ОЧЕКУВА

демон си, разбуден
од предолга кома.
демон си, трогнат
од погледот на сопствените
екстремитети: што со нив, сега?

те боли сознанието
за времето, те боли
сфаќањето на вечноста.
врз дланката ти се спушта
совршено кршлива снегулка.
ја голташ.

боли
кога ќе дознаеш
дека си причина
за нечија болест.
тука не можеш
ништо да поправиш,
нема што да проголташ
освен сопствениот мир.

боли што знаеш –
сè е конечно,
сè е минливо,
сè во самото себе
се проголтува,
опиено од мечтаеното
вечно постоење.

демон си, полн оган
и тишина, полн ѕверски
ерупции, лава за некои
идни векови плодна.
демон си, беден
во осаменоста, надмен
во самотијата, грст
мириси си разлеани насекаде
– дребни трошки ништожност.

боли тоа, боли до последното
што останало од тебе, те боли
до последната мисла: онаа
на која ќе јавнеш за да заминеш
во вечен неспокој и црна светлина.

Игор Исаковски
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Ќе
(... ќе ја кивнам смртта)

си гледам меѓу стапалата:
бездна од пропуштени патувања,
клисура од навестувања... добри ми се
стапалата. со нив, исправен и горд,
ќе зачекорам преку работ:
границата што ги дели световите
на мртвите и помалку мртвите.
... со стапалки кои танцуваат
преку разиграни клавиши...
ќе тргнам, со сета своја снага,
со сета сочувана телесност:
ќе биде лесно, сосема природно.
како кога кивам, како копнеж.


Игор Исаковски
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Ghtalpo

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Раѓање на зборот

Глужд на глужд
Камен врз камен.
Камена шума,
изѕемнина.
Глужд на глужд
Камен врз камен.
од камен и ние обата.
Ноќта чади,
зборот се двои од темнина.
Модар јаглен му гори во утробата.
Ти што постоиш,зошто не постоиш,
небото го лулаш,
земјата ја вртиш.

Ти што постоиш зашто не постоиш,
земјата јачи под камени плочници.
Иде замелушен од своите смрти
зборот што ги крши сите слепоочници.
Глужд на глужд.
Камен врз камен.
Својот гроб со прокуда го копам.
Отвори ме проклетијо,
ти тврдино камена,
да изгорам во зборот јагленосан,
да се стопам.
-Ацо Шопов
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Суша

Очите ми се како секнати кладенци
во суша
во предел каменит, спржен, запуштен.
Како земјата што пека за капка дожд
во летен пек,
така душава пека за солза,
а двеве очи не можат никако да ја исцедат.
За показ е тоа, да знаеш!
Не туку-така горат без вода растенијата
и гладен мрее светот,
ниту се дава обилен плач
за тие што отишле поврага.

-Блаже Конески
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Lady*

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Лузна
Те оградив во девет градини, крви,
те затворив во девет грла,
што бараш уште, зошто ме прогонуваш, крви,
зошто закануваш со своето копито темно,
зошто незасито?

Те оградив во девет градини, девет грла,
смири се, крви, слегни во своите темнини
на чие дно твојот црвен вепар
одамна бара пештера за починка.
Слези во своите темнини, крви,

и не обѕирај се,

нема подобро место од ова што ќе те скроти,
од овие девет градини, девет градини
што живеат од твоето зеленило,
од овие девет грла, девет грла
што ја пеат пролетта на твоите песни.
Слези во своите темнини, крви,

и не вели ми:

Слушај како татни од далечина,
слушај како татнат сите кории,
идат коњи по пат од ѕвезди и месечина,
идат коњи, коњи, коњи, коњи дории,
идат коњи да ме прегазат,
идат, идат ќе ме прегазат.

Но јас ќе ги ритнам со копитото
ќе ги ритнам право сред чело,
да ме паметат, да ме прикажуваат
и лузната да им свети навечер,
во нивните ноќи без месечина,
во нивните денови без светлина,
на нивните патишта под бурјани.

Не вели ми, крви. Крви, смири се,
оградена со девет градини,
затворена со девет грла
Како некој семоќен владател
на некоја непристапна тврдина.

Ацо Шопов

 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Порака

Умирањето, дури трае, е сепак се уште живот.
Ни љубовта не е умрена дури ти сеуште сакаш,
макар некого друг.
Поради сојот на трпките - дури и туѓиот плод во
твојата утроба
ќе биде повеќе мое дете.

-Блаже Конески
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
РАЗДЕЛБА

Не, и ако отидеш кога узреат маслините
и од глувото пристаниште првиот кораб
крене,
ако сетиш некогаш во бурјанот на годините
како се исчезнува и полека вене,-
Не, тоа не ќe биде обично разделување
и една младост попусто измината,
разделбата ќе прилега на цврсто
прегрнување
на некој превој непознат далеку во иднината.

Aцо Шопов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
ЈАС (НЕ) СУМ ОД ТУКА

Уморен сум,
здодеано ми е од сè.
Би сакал да не сум од овде.
Би сакал Скопје да ми биде
попатна дестинација
на пат кон Југот.
Да го видам, да се сепнам,
да се запрашам дали
е ова нормално,
и да го напуштам со
крајна рамнодушност.
Но, за жал, неможно е тоа.
Скопје е лицето на
мојата лузна.

Јовица Ивановски