Македонска поезија

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
ТРЕТА МОЛИТВА НА МОЕТО ТЕЛО - АЦО ШОПОВ

Што си: девојка, жена, мајка? Што си
ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи
телото мое, молитвено што клечи.
Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи.
Што си: девојка, жена, мајка, што си?

Што си ти застаната со спокој темен
пред ова тело чиј глас со виј го гони
ветрот што лута под тајни небосклони,
чиј глас е жед и виј на вијот земен.
Што си ти застаната со спокој темен?

Што си ти: девојка, жена, мајка,
ти - скаменета пред влезот на овој храм
со моќно име: ПОБЕДУВАМ,
па ова тело возвишено го крена.
Што си ти: девојка, мајка, жена?
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Тишина - Ацо Шопов

Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина ,
тишината сама ќе го рече.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
ZA MIG SAMO

SITE SITNI MANI

DO NAJSITNITE BRCKI

I PEGI NA KOZATA

ZNACI NA STAREENJE

I GI ZABELEZAV

I SFATIV DEKA E CUDESNA TAA ZENA

STO SE PRESTORUVA DEVOJCE

KOGA KE POMISLI NESTO SVOE

B.KONESKI
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Achernar

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Песна
О пеј ми, пеј ми!
Каква песна!
За едно пее
за друго збори:
„Се што си рекол,
се што си сторил,
случајно не е,
простено не е
Б.Конески
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
ГЛЕДАЧ ВО ПЕПЕЛТА

Изгасни песно во огнот што го запали сама.
Прска зборот и исчезнува во пепел од кремен.
Гледачу во пепелта, ја препозна ли во неа
исконската драма
што доаѓа од дното на овој извор темен.
Песно, те откинав од клунот на птица во крвта
што ми лета,
од црвеното небо на запалените вени,
од тие далноводи на два непомирливи света,
тие изгрејсонца со неодгатнати мени.

Те откинав од гневот на иконите, тие неразбирливи гами,
од громот врз копјето на воинот со камен што е сраснат,
од сонот на тие повисоки што се од сонот што ги мами,
и што се раѓаат пак откако еднаш згаснат.

Сега сме два света, два врага, две завојувани страни,
сега сме војна без излез и кама против кама.
Кој е победен? Кој е победник? Кој е изгрев на
осмислени рани?
Изгасни песно во огнот што го запали сама.


Ацо Шопов
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Скица за првото писмо
до Ема Гермова

Родена за да се родиш на мојот љубовден
И прв и последен, јас Те именувам МОЈА!
До тој ден те прижелкувам по севезден
И дните стопати до прекапнување ги бројам.

I love You, Я люблю тебя, Ich liebe Dich,
Како ли уште треба да речам дека Те сакам?
Колку е збунет овој недовршен стих
Пред една чуденка, пред молкот на саканата!

Зборот го болувам, болот го зборувам,
Не го преболувам, не го прегорувам,
И ќе ме сотрат еден ден чинам
Или убавите жени или лошите вина.

Малку ни остана за да младуваме
Песно, ко најверен пес што ме пазеше
Од сите јадови што ги јадувавме
И од радостите што ги радувавме
Ние – непобедниците непоразени!

Зборови скудни, вие предавници мили,
Речете и:
За Тебе сме сочувани низ сите Харибди и Сцили
Во чувствата на оној што треба да е твој,
Твој во најсвидните денови неспокој.

Гане Тодоровски
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
KОЛКУ УБАВ МРТОВЕЦ БЕШЕ

Сонцето ни бегаше,светлото се собираше,
ко што се собира раката в рака,
и твојата душа ја искачуваше на небото
на кочија од зимска месечина.
И по неа Климент го водеше езерото,
и пушташе секавици од јагули и летници
кои што и даваа длабочина на водата...
Kолку убав мртовец беше,господе,
дали се разболе од својата убавина
или заради неа се реши млад да умреш?

И твојата кожа,
ko првиот кожурец мраз на Водици
застанат на твоето лице да го објасни,
и очите,ко затворени лалиња,мориња
оставени да ја скријат твојата далечина
(кај што никогаш ништо не ти беше далеку)
и кошулата бела,ко снег што не копнее
ko вечна искра во седефот и сафирот,
што ја осветлуваа и својата светлина...
Колку убав мртовец беше,господе!...
И колку убаво ти прилегаше болката,
дали те болеше колку што ти прилегаше?
Небаре да си заспал во некое попладне,
а насмевката уште ти се држи на устата
како што се држи росата за тревата
светлото за свеќата,пепелта за жарот...
Колку убав мртовец беше,господе,
и колку ни беше мачно и опасно
дека од твојата убавина не можевме
смртта да ти ја видиме!...

Toгаш само радоста,само радоста од смртта ти беше видлива.


PETRE M.ANDREEVSKI
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Тажачка од онаа страна на животот

Се искачив над врвот од болот.
Човек сум.А што е човек?
Пред мене празнина,зад мене празнина.
Празнина што сама се пали.

Од онаа страна на животот
жив распнат со слепи јазли.
Се искачив над врвот од болот.
Тој ден.Црнден.По црни скали.

Се искачив над врвот од болот.
Од онаа страна на животот
од онаа страна на себе си,
на се неизговорено,
се што е недогорено,
од онаа страна на водата,
од онаа страна на врутокот,
од онаа страна на коренот.

Стопи се грутко,истечи водо,
прелеј се чашо лелејска
за сите градови во овој град,
за сите црнини во оваа црнина.
Кажете кого да обвинувам.
Кого да жалам,кажете!
О дете што те нема-
мојата црнина твоја прегрнина.

Мојата црнина твоја прегрнина,
твојата темнина моја подземина.
Земјо олелио,земјо пустелио,
Од мртов плач израсната
земјо обѕрни се,земјо разгрни се.

Земи ја оваа зеница
земи ја оваа пшеница
на твоја дланка згасната.

Земи ме,земјо,или врати ме,
врати ме подолу од овој врв,
подолу од онаа страна на животот,
човечки сили дај ми пак.
О земјо,на земја врати ме.
човек сум,човек да страдам,
да најдам камен жив да се вградам
на некој мост во некој лак.

Ацо Шопов
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina