Во скоро време бев сведок на многу непрофесионален однос. Автобусот застана на автобуската станица на која се качија неколку туристи, а по некое време влезе и контрола. Еден од туристите влезе да ги остави торбите на едно од седиштата и тргна да се враќа назад за да купи билет. Но еден од контролорите го застана и започна да го прашува каде му е билетот. Туристот зборуваше англиски а контролорот не разбираше, па му преведов но тој немаше никакво разбирање. На следната станица контролата го избрка туристот од автобусот. Бев крајно разочарaна од тој непрофесионален однос кон туристот што се засрамив во каква земја живеам.