Македонска (не)култура

Ива007

Нов член
6 октомври 2013
1
0
1
26
Во скоро време бев сведок на многу непрофесионален однос. Автобусот застана на автобуската станица на која се качија неколку туристи, а по некое време влезе и контрола. Еден од туристите влезе да ги остави торбите на едно од седиштата и тргна да се враќа назад за да купи билет. Но еден од контролорите го застана и започна да го прашува каде му е билетот. Туристот зборуваше англиски а контролорот не разбираше, па му преведов но тој немаше никакво разбирање. На следната станица контролата го избрка туристот од автобусот. Бев крајно разочарaна од тој непрофесионален однос кон туристот што се засрамив во каква земја живеам.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Што има тука за страм кој и да е па и ти да си во странство ќе те избркаат без билет да си нема да те праша дали си турист или не! Треба да се воведат автомати кој ќе имат билет за јавен превоз така нема да има вакви случки.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Па фино во РосФед се качуваш и си купуваш билет. Се е до културата. А во Македонија културата умре пред да се роди. Во секој случај тоа е лошо за лицето на Македонија.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ништо посебно, може контролорот и да препознае некого па да следи прашање од типот `брад, ебеш нешо а?`
Ако се прави категоризација према замислени целини наречени нации на кои припаѓа одредена раја по пат на самодекларација, тогаш на ниво на европскиот континент најниска култура после шиптарите и ромите би имале македонците а веројатно и бугарите и србите. Што е сосема спротивно на искривената, преценета и тотално надвор од секаква реалност слика која наведените ја имаат за себе (исклучок се ромите, тие немаат слика за себе).
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што има тука за страм кој и да е па и ти да си во странство ќе те избркаат без билет да си нема да те праша дали си турист или не! Треба да се воведат автомати кој ќе имат билет за јавен превоз така нема да има вакви случки.
Тоа е тој “наш“ проблем што постои опција да се купи во автобус - да не подвлечам дека тоа е најчесто единствената опција.

Во Германија рецимо работите се прават вон автобуси, на наплатни рампи си зимаш карта.
Мислам дека нашиве најголема грешка прават што те ограничуваат на еден смешен па и манипулативен начин, за да ти соберат повеќе кеш.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Море рекламине за негостопримливост оригинал се. Уште треба да прават.
Секоја чест на исклучоците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Јас мислам дека сето тоа го прават само за да земаат пари повеќе.И мене ми се има случено во еден од автобусите од ЈСП од преголема гужва кога пензионерите се возат влегов од задната врата и внатре имаше контрола.И,сега јас тргнав да купам билет и од контролата ме запре на пола пат и вика покажи ми билет,и му викам дека сега влегувам и почна да вика,да сум признаела дека не сум имала намера да купувам воопшто и на крајот попушти и си платив карта. ЗНАЧИ СЕ Е ЗА ПАРИ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: maarrkooo