Убедливо на врвот се овие преселени по Острелија, ЈуЕс енд Еј и Кенада. Не знам, ко океаните да имаат некое додатно влијание врз стереотипите.
Имам најблиски роднини што живеат во Швајцарија можеби 30 години, ама апсолутно не може човек да познае ништо дијаспорско во нив, освен ако самите не кажат каде живеат. Веројатно огромна улога во тоа игра фактот што таму се како навиени и секој си ја мари својата работа.
Од друга страна, имам подалечни роднини кои живеат 15ина години во Острелија и за кои е точен секој еден стереотип. Дедото уште првата година си го истетовира знамето лавовско од носталгија, а помладиве кога поздравуваат, тоа иде у стил "pozdrav do prekrasnata makedoniјa od melbourne, victoria, australia"....Уште адреса фали да пишат. И што да им вратиш? Фала, поздрав и до нив три.
Или правиш муабет: - Како е тамуууу?...и ти уште не си ни почнал да кажуваш...- Овде во Острелија е многу топло, сонцето пече, еве децава се на плажа, па вечер ќе одат на шопинг и на муви. Супер. Ние на муви не идеме, ама затоа комарци идат на нас.
Имињата се уште една јака страна. Неколку пати имам налетано на некоја наша т.н. ѕвезда....жими мама не знам дали пее, глуми, или што, ама името ѝ е, ни мање, ни више - Џесика Палашоска. Епа, вришти дијаспора!
Бонус: Македонштина во Њу Џерси.
Не знам, никој нема помалку патриоти да ги прави ако не живеат тука. Никој и не е будала да има прилика за подобар живот и да ја пропушти поради патриотизам кон држава што го решети на секое можно поле, ама седи си бре мадро во странство, што ќе ти се куќи и тетоважи со знамиња.