Искрено мислам дека врска немаш шо зборуваш. И зборуваш напамет колку да одбраниш став во кој ни самиот не веруваш стопостотно, а уште помалку го применуваш.
Искрено мислам дека си тврдоглаво магаре кое не прифаќа туѓи гледишта, наметнувајќи го своето.
Искрено мислам дека не си ти крив шо толку ти делиле, јбг, судбина.
Ова е моето најискрено мислење за тебе.
Ти пречи? Многу? Малку? Најмалку? Ич?
Да ти кажам право не ми пречи твоето мислење за мене и ти благодарам за комплиментите.
Она што ми пречи е што лошо си ме разбрала во моите намери. Никогаш, ама никогаш не сум сакал да ѓи наметнам моите размислувања, единствено што сакам со моите постови е да ѓи подтикнам читателите да излезат од своите сигурни и безбедни дувла и да почнат да ја разгледуваат и истражуваат околината, да ги пронајдат недостатоците и апсурдностите на истата и да се обидат да ја променат кон подобро.
Искрено жалам што не сум успеал кај тебе, но јас ќе продолжам да се обидувам.