Липосукциска диета

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Пардон, лошо сум прочитал. Не давале доволно енергија ;)
Ма каки.... не веруем ја у тие работи, нив ги измислиле фабриките за мачкина кашлица. Ја јадам житарици ко луд и имам енергија, ко бизон парен со слон сум. Цел ден можам лудории да правам, ништо не ме сопира :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
99 или 9900 денари?
Искрено, многу сум против диетите и строгите режими на исхрана.
Козјата сурутка е ок, важи за здрав додаток во исхрана, ама па безвезе ми е да плаќате за некој да ви дава козја сурутка и совети за исхрана.
Еве ти бесплатен совет од мене, напишано е одамна на друга тема, сега ти го ископирав тука
Еве неколку совети за ефикасно слабеење:
(иако постојано трубам за веганство, овој пат нема да го напрравам тоа)
1. Утро:
- Ако се разбудите со чувство на глад не посегнувајте веднаш по храна бидејки можеби сте жедни, а наутро жедта може да ви создава чувство идентично на глад, затоа прво напијте се вода или свежо цеден сок.
- Никогаш немојте да јадете тешко сварлива храна наутро, на тој начин телото губи многу енергија при варењето на храната и тоа делумно ве оневозможува физички и во текот на денот нема да бидете способни до максимум да трошите калории преку физичка активност.
- Доручекот нека ви се состои од свежо или сушено овошје и сокови. Живата растителна храна меѓу другото е полна со ензими и затоа телото нема да изгуби енергија при варењето на оваа храна со што се овозможува еден здрав и нормален почеток на чистење на организмот.
- За да слабеењето биде ефикасно и здраво неопходно е организмот да се прочисти и регенерира. Во спротивно ке ви останат ,,траги,, од кои најверојатно ке се срамите исто колку и од вишокот килограми.
- Свежо овошје и здрави течности (вода, цедени сокови, чај) можете да консумирате во неограничени количини, односно, можете да јадете поголеми количини ако лесно не се заситувате. Доколку и покрај тоа чувствувате глад или не сте во можност да изедете голема количина на храна, внесете повеке сушено овошје, но и ако тогаш сте гладни можете да јадете семки (лен, тиква, сончоглед, сусам, црно семе исл.) но под услов да се живи. Дел од овие семки е невозможно да се грицкаат затоа побарајте ги во мелена форма или сами сомелете ги доколку имате таков апарат.
- Трудете се да внесете што е можно повеке течности, но истите да не бидат засладени со шекер.
2. Ако строго сте се придржувале кон овие ,,правила,, наутро, тогаш за ручек можете да јадете што сакате и колку сакате но само под неколку услови:
-Јадете поголема количина на салата од обично
-Салатата јадете ја пред главниот оброк, не истовремено, бидејки доколку јадете тешко сварлива храна, посебно месо или месни производи, зеленчукот кој ке го внесете ке ферментира во вашите црева, а на тој начин повторно ке се наполните со токсини, но на овој начин салатата ке ве засити и ке ви го намали апетитот, па така ке внесете помала количина на храна.
-Не пијте вода додека јадете, 20 мин пред јадењето и 20 до 30 мин. после јадењето. На тој начин ке ја разредите вашата желудочна киселина и храната потешко и подолго ке се вари. Поради тоа може да се намали абсорбцијата на хранливите материи и ке се предизвика забрзано трулење на храната кое пак ке придонесе телото повторно да се наполни со толксини.
- Џвакајте долго, храната нека биде течна кога ја голтате. Ова носи многу позитивни нешта посебно кога е слабеењето во прашање. На тој начин хранливите состојки полесно се абсорбираат, храната полесно се вари, она што не ни треба полесно ке се исфрли. Чувството на ситост кај нас луѓето е со малку задоцнет ефект. Кога џвакаме повеке, јадеме побавно и на тој начин помали се шансите да се прејадеме, додека кога јадеме брзо и голтаме големи залаци не чувствуваме кога сме најадени и јадеме се додека имаме во чинијата.
- Додека јадете седете исправено, избегнувајте да сте подгрбавени или наведнати, а никако лежејки. Така не чувствуваме кога сме се заситиле а и им оневозможуваме на дигестивните органи да си ја работат работата како што треба.
- Не зборувајте додека јадете за да можете убаво за ја соџвакате храната.
3. Вечера
- За вечера можете да јадете било што, но да биде во мала количина. доколку чувствувате глад пијте течности (30 мин. после вечерата) и грицкајте јаткасти плодови и секако можете да јадете и овошје,
- Вечерата нека биде барем 4 часа пред легнувањето во кревет

4. Општи совети:
-Избегнувајте брза храна и храна која во себе нема никаква или има ниска нутритивна вредност.
-Овошјето и семките не мора да ги јадете секогаш цели, од нив можете да си направите превкусни закуски, но услов е да бидат живи, никако термички обработени.
- Многумина чувствуваат тегоби кога овошјето го јадат на празен желудник. За да го избегнето тоа чувство напијте се топол чај или топла вода во која ке исцедите малку лимон.
- Не консумирајте шекери. Доколку имате силна потреба за благо, потрудете се барем сами да си го направите. Така ке знаете што и колку сте ставиле. Наместо пченкарно бело брашно можете да употребите интегрално, ржено, овесно, јачменово брашно, но и брашно од лен, семки од тиква, кокос, сусам и сл.
наместо шекер користете природни засладувачи - мед, гроздов мед, блендирани урми или друго благо овошје.
- Не јадете премногу солени јадења. Солта ги задржува течностите во вашето тело и утредента ке се разбудете подуени. Посебно избегавајте го соленото сирење.
- Не пијте газирани пијалоци.
- Не внесувајте големо количество масти
- не јадете пржена храна или пак немојте да ја јадете често.
- Трудете се да бидете физички активни колку што е можно почесто.
- Избегавајте стресни ситуации, најдете начин да го избегнете стресот.

На овој начин не само што ке ослабите, туку и ке ја одржувате вашата идеална телесна тежина.
Доколку после слабеењето повторно се вратите на старите навики повторно ке се здебелите како што сте се здебелиле и пред тоа.
Најважно е телото да се исчисти од токсини и да се регенерира, ако повторно ја изгубите контролата над вашите навики, повторно ке го затруете телото.
После чистењето и регенерирањето на телото лесно ке знаете што е добро за вас, а што не. Можеби звучи забегано, но нашето тело постојано ни дава сигнали кога нешто му годи, но и кога нешто му штети. Кога телото е чисто и без токсини вие ке ја препознаете и разберете тие сигнали.
Толку сега за сега.
Ако ви се потребни едноставни рецепти за ужинки од свежо овошје, семки и јатки или за било каков додатен совет, стојам на располагање.
Точно 99оо денари..па и не е многу..само на херба лајд шејкот е околу 25оо денари а овде има 4о кесички протеини и точно незнам колку беа на број капсули со аминокиселини, па тука е и прегледот, направената програма за исхрана и некои други услуги.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Пардон, лошо сум прочитал. Не давале доволно енергија ;)
Ма каки.... не веруем ја у тие работи, нив ги измислиле фабриките за мачкина кашлица. Ја јадам житарици ко луд и имам енергија, ко бизон парен со слон сум. Цел ден можам лудории да правам, ништо не ме сопира :D
Оваа диета е за луѓе кои имаат проблеми со телесната тежина, луѓе кои се пробале и на крај не успеале, и се разбира за луѓе кои сакаат за брз временски период да ослабнат..овде е наводно 10 кгр за 10 дена...и за мене е тоа некако чудно:eek
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Каква е таа диета,за 10 дена 10 кила?Тие 10 кила за 3 месеци може да се изгубат...Братучетка ми,вистина е дека беше подебела,ама држеше диета според која само требало да јаде месо...Овошје не јадеше...Не треба само и само месо...Некогаш че сака блага храна,и заради таква храна само со месо и салати,че мисли дека направила незнам што..
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Како може бе да држите диети без овошје, па овошјето е основна храна на човекот, природните шекери се најдоброто гориво на нашите клетки, да не зборам за витамините и антиоксидантите. Стварно не ми е јасно како е можно да постојат такви глупави диети, како може овошјето да те дебелее, а месото не? Тоа ти е вон сета логика.
@misterija како бе не е многу 9900 денари месечно за диета? Па јас дупло помалку од тие пари трошам за сите месечни потреби за храна за цело семејство и тоа здрава, органска храна, без ништо да не ни фали.
Нека не ве лаже никој, не постои брзо и здраво слабеење и не постои диета со трајни резултати ако ја применувате само одреден временски период. Променете си го животниот стил, јадете многу свежа храна, бидете што повеке физички активни и ке имате идеална тежина и здраво тело.
Исто така да додадам... дури и да е можно за 10 дена да се изгубат 10 килограми, дури и да не е штетно по здравјето, кажете ми кај ке оди вишокот кожа за 10 дена? Луѓе со години слабеат па им останува вишок кожа, а не па за 10 дена да се симнат 10кг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Цената на овие услуги во споредба со другите видови на програми за слабеење, дали на херба лајф, дали на новиот диет клуб на Жан Митрев, на Силуете третманите кои се најскапи...не е многу пари, најбитно е да е вистински и успешно, да нема штетни контраиндикации од тие капсули и од тој протеински напиток. На жалост нема некој кој ја пробал оваа диета и да ни каже, новитет е сеуште кај нас. Освен некои познати личности и Моника Белучи ја намалила успешно килажата со оваа револуционерна диета.Вишок кожа немора да има, не се тоа многу кгр. Нешто ке се претвори во мускул, нешто ке се стопи, како и да е, физичка активност е неопходна.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Цената на овие услуги во споредба со другите видови на програми за слабеење, дали на херба лајф, дали на новиот диет клуб на Жан Митрев, на Силуете третманите кои се најскапи...не е многу пари, најбитно е да е вистински и успешно, да нема штетни контраиндикации од тие капсули и од тој протеински напиток. На жалост нема некој кој ја пробал оваа диета и да ни каже, новитет е сеуште кај нас. Освен некои познати личности и Моника Белучи ја намалила успешно килажата со оваа револуционерна диета.Вишок кожа немора да има, не се тоа многу кгр. Нешто ке се претвори во мускул, нешто ке се стопи, како и да е, физичка активност е неопходна.
Не се многу килограми, но се многу за толку малку време. Како прво организмот ке доживее огромен стрес кога наеднаш ке изгуби толку килограми, а за десет дена ниту се оформува мускул, ниту пак е возможно сето тоа нормално да се стопи. Туку нешто ме чуди, велиш Моника Белучи и Тијана успешно слабееле од оваа диета, ама па јас не се секавам тие некогаш да имале вишок килажа. Тијана ако слабеела по 1кг дневно, сега проѕирна ке беше.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Не се многу килограми, но се многу за толку малку време. Како прво организмот ке доживее огромен стрес кога наеднаш ке изгуби толку килограми, а за десет дена ниту се оформува мускул, ниту пак е возможно сето тоа нормално да се стопи. Туку нешто ме чуди, велиш Моника Белучи и Тијана успешно слабееле од оваа диета, ама па јас не се секавам тие некогаш да имале вишок килажа. Тијана ако слабеела по 1кг дневно, сега проѕирна ке беше.
Не те разбирам, зошто би била прозрачна? Сигурно со тие капсули се топи масно ткиво, се забрзува метаболозам а со протеините се полни мускул, што знам, си има нутриционисти, сигурно тие си ја знаат физиологијата...
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
муабетот ми беше дека Тијана одсекогаш била слаба, не ми е јасно кои масни наслаги ги стопила.
Инаку мускулатурата не се зајакнува со внес на протеини туку со физичка активност, со преголем внес на протеини можеш само да се подуеш, нашето тело може да искористи само околу 35г. протеини дневно, дел од вишокот протеини се исфрла, а дел се насобира во мускулното ткиво и затоа мускулот расте, но во никој случај тоа не го зајакнува мускулот, туку само ја зголемува мускулната маса. Така насобраните неискористени протеини создаваат киселост во клетките и придонесуваат за појава на болести, одлично е како подлога за создавање тумор, затоа и не е здраво за човек да јаде многу животинска храна, бидејки немаме ензими за да ги разложуваме протеините, а посебно казеинот кој го има во млекото.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Пардон, лошо сум прочитал. Не давале доволно енергија ;)
Ма каки.... не веруем ја у тие работи, нив ги измислиле фабриките за мачкина кашлица. Ја јадам житарици ко луд и имам енергија, ко бизон парен со слон сум. Цел ден можам лудории да правам, ништо не ме сопира :D
Така мислиш затоа што најверојатно никогаш не си поминал подолг период без нив. Ако некогаш ти текне да експериментираш, пробај две недели без житарици и општо на полесно сварлива храна и ке видиш дури тогаш која енергија ке ја имаш :)