Липосукциска диета

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Дојде и кај нас во Скопје, компанијата International health со својата револуционерна диета со која можете да ослабнете 10 кгр.за 10 дена.
Сузана Манчиќ, Тијана и мн.др.познати од естрадата го примениле овој метод на исхрана и велат дека се презадоволни и нема јојо ефект.
Нутриционистите што работат во оваа компанија се против употреба на житарки во исхраната кај луѓето затоа што тие не даваат доволно енергија и човекот е приморан да посегне и за друга храна.Прогуглајте и ќе најдете, епа жени, еве ни шанса за пред летнава сезона да се направиме во топ форма;) само незнам колку ќе не чини тоа задоволство:D
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Појма немам за што станува збор, но се согласувам за житариците, одкако не ги јадам имам многу повеке енергија.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Појма немам за што станува збор, но се согласувам за житариците, одкако не ги јадам имам многу повеке енергија.
Па ова е нова метода, денес сосема случајно на канал 5 ја гледав, Тијана ја рекламираше и ја фалеше програмата а и гостин им беше нутриционистот на компанијата. утре ке се јавам на тел. да прашам за што поточно станува збор и колку чини цел тој преглед и програмата што ти прават за исхрана а исто имаат и програма за подршка.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Па ова е нова метода, денес сосема случајно на канал 5 ја гледав, Тијана ја рекламираше и ја фалеше програмата а и гостин им беше нутриционистот на компанијата. утре ке се јавам на тел. да прашам за што поточно станува збор и колку чини цел тој преглед и програмата што ти прават за исхрана а исто имаат и програма за подршка.
Јас лично сум против диети и разни програми, за да се има идеална тежина не е потребно само одреден период да се биде на диета и толку, туку комплетно да се промени животниот стил. Џабе е и да ослабите успешно, ако си го нарушите здравјето или ако потоа повторно се вратите на стариот живот кој што придонел да имате вишок килограми.
Инаку житарките не се природна храна за луѓето, доволен доказ за тоа е дека не можат да се јадат во својата природна состојба, тврди се и не можеме да ги прегризаме, немаат мириси кои не привлекуваат и сл. Долго време од житарици јадев само рж и просо, но веке не ги јадам ниту нив и можам да кажам дека многу подобро се чувствувам, а за тежината не можам да коментирам од искуство бидејки сум одсекогаш сум слаба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Јас лично сум против диети и разни програми, за да се има идеална тежина не е потребно само одреден период да се биде на диета и толку, туку комплетно да се промени животниот стил. Џабе е и да ослабите успешно, ако си го нарушите здравјето или ако потоа повторно се вратите на стариот живот кој што придонел да имате вишок килограми.
Инаку житарките не се природна храна за луѓето, доволен доказ за тоа е дека не можат да се јадат во својата природна состојба, тврди се и не можеме да ги прегризаме, немаат мириси кои не привлекуваат и сл. Долго време од житарици јадев само рж и просо, но веке не ги јадам ниту нив и можам да кажам дека многу подобро се чувствувам, а за тежината не можам да коментирам од искуство бидејки сум одсекогаш сум слаба.
Оваа диета, колку што разбрав, се прави индивидуално после одреден преглед..штосот е значи да се натера телото да ги троши своите масни наслаги, не била штетна по здравје...во исхраната се употребува протеини најмногу а се јадат и млечни производи, месо многу па дури ни сланината не е забранета како штетна и нездрава храна...забранет е само белиот шекер.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Оваа диета, колку што разбрав, се прави индивидуално после одреден преглед..штосот е значи да се натера телото да ги троши своите масни наслаги, не била штетна по здравје...во исхраната се употребува протеини најмногу а се јадат и млечни производи, месо многу па дури ни сланината не е забранета како штетна и нездрава храна...забранет е само белиот шекер.
Уф... Според моите убедувања ова не е ни најмалку здрава диета. Ако морам да кажам која храна е најштетна, тоа би биле млечните производи дефинитивно, а и не ми е логично како може да се натера организмот да се трошат мастите, ако постојано се внесуваат масти во него. Млекото и месото се масна храна, нема некоја разлика во маснотијата помеѓу 200мл млеко и 200г сланина, тука некаде се, а преголемиот внес на животински протеини доведува до закиселување на ткивата што е совршена подлога за развивање тумори и за опаѓање на имунитетот.
Белиот шекер е чист отров и тоа не би требало никој да го конзумира, во тој дел потполно се согласувам.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
@malo Се јавив во компанијата која се наоѓа спроти Италијанска амбасада, во центар на Скопје...значи целиот тој третман чини 99оо денари...ти дават кесички, мислам дека рече околу 40 тина некој протеински прашок направен од сурутка и капсули со аминокиселина.
еве ти го линкот
http://www.ih.mk/pdf/PROTOKOL LIPO21 MACEDONIA.pdf
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
99 или 9900 денари?
Искрено, многу сум против диетите и строгите режими на исхрана.
Козјата сурутка е ок, важи за здрав додаток во исхрана, ама па безвезе ми е да плаќате за некој да ви дава козја сурутка и совети за исхрана.
Еве ти бесплатен совет од мене, напишано е одамна на друга тема, сега ти го ископирав тука
Еве неколку совети за ефикасно слабеење:
(иако постојано трубам за веганство, овој пат нема да го напрравам тоа)
1. Утро:
- Ако се разбудите со чувство на глад не посегнувајте веднаш по храна бидејки можеби сте жедни, а наутро жедта може да ви создава чувство идентично на глад, затоа прво напијте се вода или свежо цеден сок.
- Никогаш немојте да јадете тешко сварлива храна наутро, на тој начин телото губи многу енергија при варењето на храната и тоа делумно ве оневозможува физички и во текот на денот нема да бидете способни до максимум да трошите калории преку физичка активност.
- Доручекот нека ви се состои од свежо или сушено овошје и сокови. Живата растителна храна меѓу другото е полна со ензими и затоа телото нема да изгуби енергија при варењето на оваа храна со што се овозможува еден здрав и нормален почеток на чистење на организмот.
- За да слабеењето биде ефикасно и здраво неопходно е организмот да се прочисти и регенерира. Во спротивно ке ви останат ,,траги,, од кои најверојатно ке се срамите исто колку и од вишокот килограми.
- Свежо овошје и здрави течности (вода, цедени сокови, чај) можете да консумирате во неограничени количини, односно, можете да јадете поголеми количини ако лесно не се заситувате. Доколку и покрај тоа чувствувате глад или не сте во можност да изедете голема количина на храна, внесете повеке сушено овошје, но и ако тогаш сте гладни можете да јадете семки (лен, тиква, сончоглед, сусам, црно семе исл.) но под услов да се живи. Дел од овие семки е невозможно да се грицкаат затоа побарајте ги во мелена форма или сами сомелете ги доколку имате таков апарат.
- Трудете се да внесете што е можно повеке течности, но истите да не бидат засладени со шекер.
2. Ако строго сте се придржувале кон овие ,,правила,, наутро, тогаш за ручек можете да јадете што сакате и колку сакате но само под неколку услови:
-Јадете поголема количина на салата од обично
-Салатата јадете ја пред главниот оброк, не истовремено, бидејки доколку јадете тешко сварлива храна, посебно месо или месни производи, зеленчукот кој ке го внесете ке ферментира во вашите црева, а на тој начин повторно ке се наполните со токсини, но на овој начин салатата ке ве засити и ке ви го намали апетитот, па така ке внесете помала количина на храна.
-Не пијте вода додека јадете, 20 мин пред јадењето и 20 до 30 мин. после јадењето. На тој начин ке ја разредите вашата желудочна киселина и храната потешко и подолго ке се вари. Поради тоа може да се намали абсорбцијата на хранливите материи и ке се предизвика забрзано трулење на храната кое пак ке придонесе телото повторно да се наполни со толксини.
- Џвакајте долго, храната нека биде течна кога ја голтате. Ова носи многу позитивни нешта посебно кога е слабеењето во прашање. На тој начин хранливите состојки полесно се абсорбираат, храната полесно се вари, она што не ни треба полесно ке се исфрли. Чувството на ситост кај нас луѓето е со малку задоцнет ефект. Кога џвакаме повеке, јадеме побавно и на тој начин помали се шансите да се прејадеме, додека кога јадеме брзо и голтаме големи залаци не чувствуваме кога сме најадени и јадеме се додека имаме во чинијата.
- Додека јадете седете исправено, избегнувајте да сте подгрбавени или наведнати, а никако лежејки. Така не чувствуваме кога сме се заситиле а и им оневозможуваме на дигестивните органи да си ја работат работата како што треба.
- Не зборувајте додека јадете за да можете убаво за ја соџвакате храната.
3. Вечера
- За вечера можете да јадете било што, но да биде во мала количина. доколку чувствувате глад пијте течности (30 мин. после вечерата) и грицкајте јаткасти плодови и секако можете да јадете и овошје,
- Вечерата нека биде барем 4 часа пред легнувањето во кревет

4. Општи совети:
-Избегнувајте брза храна и храна која во себе нема никаква или има ниска нутритивна вредност.
-Овошјето и семките не мора да ги јадете секогаш цели, од нив можете да си направите превкусни закуски, но услов е да бидат живи, никако термички обработени.
- Многумина чувствуваат тегоби кога овошјето го јадат на празен желудник. За да го избегнето тоа чувство напијте се топол чај или топла вода во која ке исцедите малку лимон.
- Не консумирајте шекери. Доколку имате силна потреба за благо, потрудете се барем сами да си го направите. Така ке знаете што и колку сте ставиле. Наместо пченкарно бело брашно можете да употребите интегрално, ржено, овесно, јачменово брашно, но и брашно од лен, семки од тиква, кокос, сусам и сл.
наместо шекер користете природни засладувачи - мед, гроздов мед, блендирани урми или друго благо овошје.
- Не јадете премногу солени јадења. Солта ги задржува течностите во вашето тело и утредента ке се разбудете подуени. Посебно избегавајте го соленото сирење.
- Не пијте газирани пијалоци.
- Не внесувајте големо количество масти
- не јадете пржена храна или пак немојте да ја јадете често.
- Трудете се да бидете физички активни колку што е можно почесто.
- Избегавајте стресни ситуации, најдете начин да го избегнете стресот.

На овој начин не само што ке ослабите, туку и ке ја одржувате вашата идеална телесна тежина.
Доколку после слабеењето повторно се вратите на старите навики повторно ке се здебелите како што сте се здебелиле и пред тоа.
Најважно е телото да се исчисти од токсини и да се регенерира, ако повторно ја изгубите контролата над вашите навики, повторно ке го затруете телото.
После чистењето и регенерирањето на телото лесно ке знаете што е добро за вас, а што не. Можеби звучи забегано, но нашето тело постојано ни дава сигнали кога нешто му годи, но и кога нешто му штети. Кога телото е чисто и без токсини вие ке ја препознаете и разберете тие сигнали.
Толку сега за сега.
Ако ви се потребни едноставни рецепти за ужинки од свежо овошје, семки и јатки или за било каков додатен совет, стојам на располагање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Како бе житариците штетни биле? па 80% од препаратите за здрава исхрана се базираат на житарици...