Ленено семе

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Многу научници, во текот на историјата, биле уверени во лековитоста на лененото семе, вклучувајќи го и таткото на медицината, Хипократ. Семето од лен и маслото од лен се најзначаен извор на хранливи состојки во целиот синџир на исхрана. Ладно цеденото масло од лен го забрзува метаболизмот, побрзо ги согорува мастите и е единствено масло што всушност помага да се намали телесната тежина. Но, најважно од се, е дека маслото од лен ги содржи есенцијалните масни киселини омега 3 и омега 6, познати како витамин Ф. Ленот содржи и витамини неопходни за производство на овие есенцијални масни киселини. Ако има црн талог во шишето, тој го покажува присуството на лигнан и не треба да се отстранува, бидејќи лигнанот дејствува антивоспалително и антиканцерогено.
Витаминот Е кој се соджи во лененото масло го намалува холестеролот во крвта и делува превентивно при срцеви заболувања и хипертензија. Кај пациентите со Сјогрен-ов синдром е забележано намалување на интензиетот на главниот симптом – сувост или недоволна влажност на очите. Поради продобрување на квалитетот на косата и ноктите најчесто се додава како компонента во козметичките препарати и средства за лична хигиена. Се препорачува редовна употреба кај жени по 45 година од животот заради намалување на симптомите на менопауза.

Дали некој од вас користи ленено семе? Дали сте ја знаеле неговата корисност?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and JaMi

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Искрено, не знаев точно какво семе е ова до пред неколку дена. What a coincidence. Баш се прашував кои се здраствените придобивки, фала на информациите. Кој го интересира нека го побара tumblr блогот Garden of Vegan, има колку сакаш рецепти со ленено семе, на англиски е flax seed.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
А зашто го користиш?
Некоја одредена причина?
Некоја корист?

Препорачано ми е од една пријатлка коај работи во аптека како природен лек кој е многу здрав за организмот.
А од време на време си пијам и маџнун(гроздов мед)за зајакнување на имунитетот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
А каде можам да го најдам, мислам го има во колониална продавница, или пак само во продавници кои се наменети за здрава исхрана ?
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
А каде можам да го најдам, мислам го има во колониална продавница, или пак само во продавници кои се наменети за здрава исхрана ?

јас го купувам во продавници за здрава храна,можно е во аптека да имаат(никогаш не сум прашала,провери),
ништо чудно и да има во супермаркети запакувани семчиња како што има запакувани апетисани...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Mameha

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Јас сакам да го пробам тоа чисто заради вкусот инаку имам сознанија дека помага при проблеми со синусите исто така. Чај од ленено семе
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum