К-15 е хумористично македонско шоу во кое главни ликови се тројца луѓе, Тошо Малерот игран од страна на Васко Тодоров, Цацко Конопишки игран од страна на Љупчо "Бубо" Каров, и Миле Паника игран од страна на Бранко Огњановски, кои се истотака и тројцата основачи на шоуто, сценаристи и режисери. Проектот започна со емитување во средината на 1990-тите години. Тројцата ликови решија да создадат единствена работна можност за себе - неделно хумористично шоу кое не самошто ќе им обезбеди месечна плата туку и ќе ги забавува сите оние кои живеат, знаат, или имале искуство со социјалистичката ситуација во Македонија. Првата епизода беше емитувана во 1995 година на А1 телевизија. Шоуто К-15 оттогаш обезбеди силна социјална, политичка и економска критика на сите актери, и преку музички спотови под името [ДуоТрио] бенд, тие го привлекоа вниманието на прашањата како што се етничката толеранција, стереотипите, табу-темите и животната средина. Досега шоуто има емитувано 15 сезони. Емитувано е на повеќе телевизиски канали, а денес е дел од истоимената К-15 Телевизија.
Кои се вашите омилени клипови од К-15?
Кои се вашите омилени клипови од К-15?