Куче (нашиот најверен пријател)

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Отсекогаш сакав кучиња, ама не можев да чувам зошо многу галама прават навечер. Дојде еднаш едно малечко улично, му дадовме јадење, па почна неколку дена со ред да доаѓа и татко ми му направи куќичка... По цел ден шеташе, ама секогаш дома се враќаше. Не преживеа многу, ми го изгазија пред куќа, на главна улица седам, не е куче за тука... Брачедите после некој месец зедоа куче (2 куќи после мене седат), истата судбина го најде, пред куќа го изгазија. Сега веќе немам ни двор кај да чувам куче и многу ми е мака.

Најубави - германски овчар, сибирска хаска и сибирски самојед. Ама би сакала едно вакво да имам. :)

190319_210052679007147_100000072482055_878351_5484841_n.jpg
 

nikola369

Нов член
9 мај 2012
15
9
3
28
Ве молам пишете ми се што знаете.Како да го направам кучето да ми биде агресивно и да напаѓа по други кучиња?
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Не убаво ве прашувам?

Јас имав вучјак пред 5-6 години. Го направив толку лошо и диво што си ја изеде куќарката. По цели денови бев со него, си играв, го млатев да ме гриза, го нервирам, и здиве кучето стана лошо и го продадов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Топ 10 работи кои не сте ги знаеле за кучињата
Луѓето и кучињата живеат едни до други речиси 15000 години, па би помислиледека добро се познаваме едни со други.

Но, има многу повеќе работи од само едноставните игри со фрлање стапче или станување и седнување. Еве неколку малку познати факти за најдобриот пријател на човекот.

kuce2.jpg


10. Кучињата заболуваат од нашите болести

Сепак не сме многу различни од кучињата, или барем во поглед на разболувањето. Кај околу 6 милиони кучиња годишно се дијагностицира рак, а заболуваат и од ретки дегенеративни болести на нервите и мозокот. Иако ова е тажен податок, и за луѓето и за кучињата, сепак ова има и позитивна страна – полесно е да се испитуваат новите лекови врз кучињата, со што се добива шанса за наоѓање на лек.

kuce3.jpg


9. Можат да намирисаат болести

Ако имате рак, дијабетес или епилепсија, можеби нема први да дознаете. Кучињата можат де се тренираат да намирисаат рак на бели дробови, кожа, гради, мочен меур и простата. Научниците веруваат дека кучињата можат да го намирисаат различниот слаб мирис што го оддаваат абнормалните клетки. Исто така, се употребуваат како сервисни животни за луѓе со дијабетес, а се верува дека можат да почувствуваат епилептичен напад дури 45 минути пред да се случи.

kuce4.jpg


8. Интелигентни колку 2 – годишно дете

Докажано е дека кучињата можат да разберат преку 200 зборови. Германските овчари, пудлиците, златните ретривери и доберманите се меѓу најпаметните кучиња.


7. Можат да пренесат болест

Популарен мит е дека кучешката уста е почиста од човечката. Епа не е така. Кучињата носат сериозни патогени, и можат да ги пренесат на луѓето. Особено сериозно е беснилото, и денеска во цел свет има закон за вакцинирање на кучињата против оваа болест.

kuce6.jpg


6. Кучињата чувствуваат завист

Кучињата знаат кога не добиваат доволно внимание. Но кучешката форма на љубомора не е ниту малку слична со човековата. На кучето не му е важно дали друго куче добило награда која не ја заслужило, се додека тоа си го добие својот дел.


kuce7.jpg


5. Кучињата не чувствуваат вина

Кога ќе го искараме кучето за некоја беља која ја направило, тоа можеби изгледа нажалено и виновно. Но, научниците тврдат дека тоа не е така, кучето само реагира на нашиот бес. Тоа не може да почувствува вина, а неговата реакција која оддава таков впечаток е само одговор на прекорот.


kuce8.jpg


4. Послушните кучиња живеат подолго

Послушните, мирни кучиња живеат подолго. Истражувачите откриле дека мирните кучиња можат да живеат многу подолг живот, додека храбрите, агресивни раси живеат побрзо, имаат поголеми потреби за енергија и умираат помлади.

kuce9.jpg


3. Кучињата се најразновидните цицачи на планетава

Од малите згужвани кученца до високите доги, кучињата имаат страшно голема разновидност во форма и големина на телото. Интересно е што гените на сите кучиња можат да се мешаат, и затоа се јавуваат толку различни форми и големини на кучиња.

kuce10.jpg


2. Кучињата потекнуваат од Средниот Исток

Едно обемно истражување потврди дека малите раси на кучиња потекнуваат од Средниот Исток. Има најдени докази дека кучињата се дружат со луѓето веќе 12000 – 13000 години, и дека порано биле закопувани во гробниците заедно со своите сопственици.

kuce11.jpg


1. Религиозна икона или социјален придружник?

Во дамнешни времиња кучињата биле многу повеќе од само корисни животни, имале религиозна улога. Се споменуваат во Грчката и Египетската митологија, во фолклорот на Маите, во Непал има религиозен фестивал посветен на кучињата. Во денешно време, кучињата се само миленици, кои можат да ви помогнат да запознаете нови пријатели.