Куче (нашиот најверен пријател)

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Куче е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади). Кучето е припитомено од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња.
Кучето се развило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколку инчи како на пример Чивавата па се до кучиња со неколку стапки како Ирскиот Волчиј ‘Рт. Бојата варира најчесто од бела до сива па се до црна и од кафена до жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па се до густи и рапави.

Денешните кучешки раси покажуваат повеќе варијанти на големина, изглед и однесување повеќе од кое било друго домашно животно. Иако се далеку од нив, кучињата имаат малку сличности со своите предци, волците. Кучињата покрај сѐ се предатори, што значи имаат оштри заби и цврсти вилици за напаѓање, гризање и кинење на својата храна. Иако со текот на времето како што расите на кучињата се повеќе се разликуваат сепак сите тие ги имаат истите основни карактеристики на нивните предци, сивите волци. Тие имаат и цврсти мускули, добри коски,циркулаторен систем кој ги поднесува и трчањето и жилавоста и заби за гризање и кинење.

Дали чувате или сте чувале куче?
Кои ви се омилени раси на кучиња?
Кажете ни нешто повеќе за вашето куче.

boo2.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Германски овчар
Кучињата од расата Германски овчар, исто така познати како Alsatian, спаѓаат во класата на големи кучиња со потекло од Германија. Расата Германски овчар е релативно нова раса, чие потекло датира од 1899-та година. Како еден вид кучиња- чувари на стада, германскиот овчар првенствено е наменет за чување на овци и други стада. Благодарение на својата сила, интелигенција и способност за дресура, германскиот овчар многу често учествува во акциите на војската и полицијата. Во моментов на расата Германски овчар и припаѓаат 4,6 % од сите кучиња кои се заведени во Клубот Американ Кенел (American Kennel Club). Благодарение на неговата лојалност и заштитничка природа, германскиот овчар е една од најраспространетите раси во светот.

Unix1.jpg

Мојата омилена раса.
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Неам куче ради што живеам у стан..иначе одма би зел и тоа германски овчар..тие малите раси уопште не ми се симпатични и не ме интересираат :)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Мислам дека е излишно да кажувам дека имам куче, сигурно цел форум го знае Цезар.
Да, тој ми е најдобар пријател, најверен пријател... Суштество кое не ме остава сама никогаш, кое знае се за мене, кое никогаш нема да ме издаде. Кое ги трпи моите нервози, кое се радува заедно со мене, кое ме релаксира и орасположува... Кое не се лути ако му викам, кое го разбира моето зборување. Кое е тука да ме пречека кога доаѓам, кое се радува на моето доаѓање. Кое ги лиже моите солзи за да не паднат, кое ме придружува тогаш кога никој друг нема.
Тој е мојата душа, мојата среќа, мое СЕ!
Братот кој никогаш го немав и никогаш нема да го имам, дете за кое се грижам, некој кому ќе му подарам искрена љубов од дното на срцето...
Личност (тоа е тој за мене) која ме врати во живот кога никој не можеше...
Го сакам!
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Со куче растев и сеуште растам, наравно не со истотo :D Неверојатни суштества.. Се радуваат коа ќе те видат макар и на 1 мин да те немало (hug)
dog.jpg
 

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Омилена раса ми е шарпланинец, а таков и имам.4 годинки има.Апач се вика инаку! :)