Култни фрази

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Ме интересира од кај потекнуваат фразите
,,вози Мишко,, и ,,тоо Цецо,, ?
Она првото посебно ми е смешно, дури чудно е со каква сериозност го изговараат лугето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Ме интересира од кај потекнуваат фразите
,,вози Мишко,, и ,,тоо Цецо,, ?
Она првото посебно ми е смешно, дури чудно е со каква сериозност го изговараат лугето.
Првото од филмот -Ко то тамо пева :D
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Треба да пишуваме фрази кои се користат во разговорниот јазик или онака култни фрази?
Ако е првото тогаш повеќето имате погрешни мислења пишано, затоа што досега не сум слушнал некој да рече "Бекни бе, ќе ми снема лента", "Јавете ми преку Тасета", Пиј Џоко кафе, пиј Џоко сок", "Шта је бре мишеви шта сте усрали", "Знаш оно брате кад једеш сир па једеш и кромпир".
Озбилно ова го користите во разговорниот јазик?

Останатите фрази што се пишани се смешни кога се зафркаваш со некој што ќе те разбере, па така ќе е смешно а иначе не.
На пример ова погоре "Вози Мишко", тоа ни е најкористена фраза кога ќе се возиме со такси (за мене кажувам) ама тука не разбира и возачот и смешно ни е на сите.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
„Чекајте малце другари...“ - кумановски ѓубретар во обид да долови групна поента
„Па, малце како да ти кажам, како потресена за Мајко Чексон...“ - жителка на Шутка
„Фала и кај вас“ - легендарното чело од Бањиште, кај бањите горе
Другар го користи и Доминџења од Жикина Династија.

Ова не дека нешто се користи, али е култен дијалог.
- Колку голуби досега пцовисале?
- Ево сега ги фрливмо четири тука, сосве ова пријателов.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ме интересира од кај потекнуваат фразите
,,вози Мишко,, и ,,тоо Цецо,, ?
Она првото посебно ми е смешно, дури чудно е со каква сериозност го изговараат лугето.
Не знам за првото, го немам ни слушнато а може и да сум го чул ама не сум обрнал внимание, а за ова второво една другарка што имам, нон-стоп ! Значи нон- стоп што и да се случи нешто што и се свиѓа, одма Тоо, Цецо! Колку што разбрав, потекнува од некој концерт на Цеца, демек многу ме погоди песната па Тооо Цецо или така нешто. Мене ми е многу интересно, у секој случај :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and antonio

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Чу те патошем кога си сигурен дека си подобар од противникот, дали биле карти, шах, онака за било какви натпреварувања - Ова од некое од дебилните реални шоуа мислам дека беше Големиот брат, знам беше еден чакнат стар учесник што го кажа ова, па често го кажуваат, стварно имам многу слушнато, и јас имам кажано...
Не се прај на Тошо, кога некој нели се прави будала и Не ми се мешај во штипки, кога некој се меша кај што не му е работа - Од К15, точно да кажам од кои скечеви не знам.
И да погинеш колку можеш ќе се спасиш- се користеше посебно сега за време на поплавите, се користело и од порано за секоја "опасна" ситуација, а доаѓа нели од легендарното клипче иде Дунав...
Дај му на човекот-Игор Џамбазов во најдобрите времиња, кога го водеше бингото и нели нон стоп и се обраќаше на Натали со Дај му на човекот Натали. Е сега се користи кај што се користи, битно се користи :zelen
Тој да го чуваш лепотице - Кога на другарка и даваш до знаење дека си задоволен со нејзиниот избор на љубовен план, а доаѓа нели од фамозната поезија на господинот Лешоски.
Што очекувам? Ташак!-Кога не си задоволен од нешто, изреволтиран си, најчесто одговори на прашањата за политика. Иначе потеклото му е од изјава на македонски граѓанин на прашањето, што очекувате од новиот градоначалник? Еднаш бев на интервју за работа и кога ме прашаа што очекуваш од работното место, ми текна на ова, не кажав, ама не можев да останам рамнодушна... И ете сега уште сум невработена :D