Кој е најромантичниот град во светот?

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Немам никакви забелешки за Париз и неговиот посебен шарм дооловен преку архитектурата: ајфеловата кула, Лувр, монмартарот , стотиците дворци, богородичната црква па дури и дизниленд го вбројувам за романтично место каде се раѓаат милиони љубовни стории резултирани преку андреналинот, возбудата и среќата на исполнетите лица. Крстарењето по Сена е една од најдобрите ствари со романтични елементи кои може да ги доживеете во Париз.
images

Немам зборови ни за Венеција која нуди шмек преку гондолите и венецианските маски. Илјадници луѓе со знаменца на својата држава, патролираат низ тесните улички, се сликаат на мостот на љубовта, мирно бдеат во часовниците со римски бројки, едноставно уживаат во атмосферата и духот на Венециа.
images

Не би го одволувал ни Рио Де Жанеиро и неговите целодневни журки на плажа, познатиот карневал на Кариоките, воодушевувачките самба денсери скоро во секој клуб или бар, суфрањето во океанот и џогирање по самиот брег. Погледот од статуата Исус Спасителот према градот едноставно убива. (тука не сум бил но можам да замислам како е)
rio5.jpg


Знам дека не сето тоа е материлајно, знам дека е поекстравагандно од нашите градови но драги мои јас единствено романтиката сум ја доживеал во Охрид.
Нема ништо поромантично од убава вечера во новореновираното ресторанче билјанини извори. Со тивка староградска музика , флаша црвено вино, ароматизирани свеќи, културни конобари и еден танц покрај виолинистот за да се увеличи вечерта.
restoran_biljanini_izvori_800_12.jpg


Нема ништо поромантично од прошетката по кеј на залезот на сонцето, од седенката на пристаниште покрај двата лебеди од вечерната прошетка на Канео и Плаошник и претставите на Охридско лето,од утринското кафе во Св. Стефан, од отворените журки на плажа, легачење на камената ограда во Св. Наум крстарењето по изворите на истиот, од друштвена скара во Св. Анастасиа, Скребатно или планинарење на Галичица... и ред други заминливости за кои сами треба да дознаете и да ги искусите.
Ohrid_by_night%20by%20Shermozle%204x3.jpg

images
images
Ohrid%20%26%20Samoilovata%20krepost%20002%20(MK).jpg_thumb.jpg
3.1-LakeOhridSunsetLjubanista.jpg

ohrid.jpg
ohrid-sveti-stefan-DSC00001.jpg

images
images


Охрид и на зима е романтичен, ако знаете да го доживеете.
OhridWinter.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and JaMi

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
...да не сте биле бре у Париз па сфи он па он еееее ви па : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Не е битен градот ...


само ќе се надоврзам и ќе ти ја завршам реченицата
... битна е личноста со која си и чувствата кои те водат, живееш за моментот, ништо не е друго битно, дали ќе ти светка Париз или домашната полупрегорена сијалица нема да забележиш. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
42
Или да бидам уште попластичен:
Може да заминеш во Венеција, Париз, Њу Јорк Сити или Лондон и да имаш кошмарно патување доколку патуваш со некој морон, или да си останеш дома, да излезеш до Стара Чаршија или покрај езерото во Охрид и да имаш екстра квалитетно време со личноста која успева да ти го разубави денот.
Потребно е малку среќа да се најдеш во втората категорија и убеден сум дека среќата не е дестинација, туку патување ;)