Колку сме чесни?

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Стојам во Скопје во ГТЦ, чекав ред пред банкоматот на Комерцијална, редица зад мене , пред мене еден човек. Човекот влезе во ЕВН одма до банкоматот, но зад себе ја остави картицата со пишан пин и отворена сметка со 17,000 ден . Ја извадив картицата и исрчав по него, му ја вратив, ќе се расплачеше од среќа а беше толку расеан се гледаше по лицето дека беше во брзање. И ја раскажувам случкава на другарки, нормално дека ќе ми речат: не си нормална што не си ги зеде. Во ред е различни мислења, но се сметам за чесна личност со свои принципи и не ги газам истите. Во продавница ми се има десено да дадам 500 да ми наплати и да ми врати како за 1000 ка да сум дала, и ќе ја исправам продавачката, во ред е да згреши, тој што работи греши.

Па и да ги извадеше парите,немаше долго да им се радуваш.Ќе пријавеше изгубена картичка сопственикот,а потоа според снимката од камерата што те сними пред банкоматот,зад банкоматот,и накрши (секогаш ги има по две три камери) ќе си добиеше пријава за злоупотреба,кражба и ќе ги вратеше по судска постапка.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Што е чесност?
Ако некој не подкрадува и враќа паднат новчаник, а од друга страна ја изневерува жена му и води двоен живот , чесен ќе ли е?
Порано во минатото чесноста била повеќе одлика на жената. Многу било важно да влезе чесна во брак со мажот...и денес некаде е така. Што ако ја изгуби “чесноста“ пред брак?Дали тоа ја прави нечесна како целокупна личност?
Цел живот викав ееее како не нејдам паднат новчаник полн со пари и да си го задржам....и кога еднаш на човек пред мене му падна новчаникот инстиктивно го зедов во раце и го повикав -„Господине, кесето ви падна“ При тоа светкаа неколку богородици од внатре. После ја чукав главата ама касно беше, веројатно чесноста ми беше премногу инстиктивна хахахах.
Кога ќе се сетам ни фала не кажа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and malo

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Па и да ги извадеше парите,немаше долго да им се радуваш.Ќе пријавеше изгубена картичка сопственикот,а потоа според снимката од камерата што те сними пред банкоматот,зад банкоматот,и накрши (секогаш ги има по две три камери) ќе си добиеше пријава за злоупотреба,кражба и ќе ги вратеше по судска постапка.
да точно, но во тие 60 секунди тоа и не ми падна на памет, и мислам дека тие моменти и реакции се битни
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Еднаш на каса во Тинекс си најдов некои 1200 денари..Паднати долу одма до касата и нормално си ги зедов и си помислив ако некој дојде да ги бара додека сум тука, дури ми наплаќа касиерката, ќе ги варатм, ако не се појави никој никому ништо...И никој не ги побара и баш добро ми дојдоа...
Друга случка...Си иди маж ми од работа и ми вика најдов телефон Сони Експириа (сигурно кошташе некои 20-30 000) и ми вика ќе го продадам...И јас идиот му велам абе ајде не се занесувај, можат да го лоцираат одма, а и сигурно му е земен некому на отплата на две години, гревота е дај да го вратиме...И така упорно ѕвонеше телефонот и на крај се јави маж ми му кажа каде седиме и дојде едно пилиштарче да си го земе, испадна дека ни’ е комшивче и дека се полни со пари и му вика Еј фала многу, утре ќе поминам кај тебе на работа честам што сакаш...И чудо, детето не дојде, а и здраво на улица не прави...
Е затоа, одсега натаму како што рекоа погоре finders keepers...и ич нема око да ми трепне...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem, Outrider and Altaïr

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Сите сме Се,само не сме чесни така како што се претставуваме.

Еднаш на каса во Тинекс си најдов некои 1200 денари..Паднати долу одма до касата и нормално си ги зедов и си помислив ако некој дојде да ги бара додека сум тука, дури ми наплаќа касиерката, ќе ги варатм, ако не се појави никој никому ништо...И никој не ги побара и баш добро ми дојдоа...
Друга случка...Си иди маж ми од работа и ми вика најдов телефон Сони Експириа (сигурно кошташе некои 20-30 000) и ми вика ќе го продадам...И јас идиот му велам абе ајде не се занесувај, можат да го лоцираат одма, а и сигурно му е земен некому на отплата на две години, гревота е дај да го вратиме...И така упорно ѕвонеше телефонот и на крај се јави маж ми му кажа каде седиме и дојде едно пилиштарче да си го земе, испадна дека ни’ е комшивче и дека се полни со пари и му вика Еј фала многу, утре ќе поминам кај тебе на работа честам што сакаш...И чудо, детето не дојде, а и здраво на улица не прави...
Е затоа, одсега натаму како што рекоа погоре finders keepers...и ич нема око да ми трепне...
Јес да треба бар едно здраво,од чиста култура дека комшии,ама ако направиме добро дело очекувајки нешто за возврат ич и да не го правиме.
Не за друго,секако ке бидеме разочарани.(меѓу другото)
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Podem

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јес да треба бар едно здраво,од чиста култура дека комшии,ама ако направиме добро дело очекувајки нешто за возврат ич и да не го правиме.
Не за друго,секако ке бидеме разочарани.(меѓу другото)
Не реков дека очекувам нешто за возврат, таман работа, ама како што кажа од култура и почит едно здраво не е на одмет...
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Колку што сум чесна толку сум и нечесна. Кога треба и кога можам помагам и не сакам возврат за тоа ниту па фала ништо. Ама паричник да најдам на улица прво не би го ни земала но ете ако нешто ми удри во глава и го земам доколку има пари ќе си ги земам, а друго се во канта.
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Мене никогаш ми се нема десено да најдам денарче не па цел новчаник и доколку би нашла незнам што би правела пошто прв пат ќе ми биде :zelen
Just look down .. who knows what you'll find

Колку што сум чесна толку сум и нечесна. Кога треба и кога можам помагам и не сакам возврат за тоа ниту па фала ништо. Ама паричник да најдам на улица прво не би го ни земала но ете ако нешто ми удри во глава и го земам доколку има пари ќе си ги земам, а друго се во канта.
А да се случи тоа на тебе и на твојот новчаник т.е. паричник, ке се убиеш од грижа и нервози, ќе бараш цел ден, и ако го најдеш крадецот "Ако е украден", 100% ќе посакаш да го убиеш... типично 80% светско мислење .. There we go..

Што е со чесноста во сексот, љубовта, врските {сексуални, љубовни, било какви} .. или и тука е новчаникот т.е. паричникот битен ?
(исто 80% светско мислење)
 
Последна промена од модератор:

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
А да се случи тоа на тебе и на твојот новчаник т.е. паричник, ке се убиеш од грижа и нервози, ќе бараш цел ден, и ако го најдеш крадецот "Ако е украден", 100% ќе посакаш да го убиеш... типично 80% светско мислење .. There we go..
За еден новчарник како не едино би ми било криво за здравствената електронска книшка оти додека извадиш друга има душата да ти излезе, a недај боже и да се разболеш у меѓувреме.

Што е со чесноста во сексот, љубовта, врските {сексуални, љубовни, било какви} .. или и тука е новчаникот т.е. паричникот битен ?
(исто 80% светско мислење)
Не дека е битен паричникот туку мислат дека е битен и од едната и од другата страна, а уствари меѓусебно се искористуваат. Така да во оваа ситуација чесноста е научна фантастика
 
Последна промена:

belabelina

Истакнат Член
6 ноември 2014
94
25
318
36
Oхрид
Сум нaoѓaлa телефoни,дoкументи исто тaкa еден и јaкнaтa си јa зaбoрaви сo се дoкументи и пaри пa нaјдoв број и се јaвив им кaжaв декa е кaј мене дојдоа и си јa зедoa a исто и зa телефoните сите стo сум ги нaшлa сум ги врaтилa a тoa се дешaвa честo зoштo ги зaбoрaвaт нa мaси кaде рaбoтaм.