Коктели

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Лето иде давајте рецепти за коктели. :)
16328.jpg


Vodka with crushed lime & mint

Preparation Time

5 minutes

Ingredients (serves 6)
  • 55g (1/4 cup, firmly packed) brown sugar
  • 24 fresh mint leaves
  • 3 limes, quartered
  • 180ml vodka
  • Soda water, chilled, to serve
  • Ice cubes, to serve
  • Method
    1. Divide the sugar, mint and lime among serving glasses. Use the end of a rolling pin to gently pound until lime is crushed.
    2. Pour vodka among glasses. Top with soda water and ice. Serve.
    17149.jpg


    Black Russian

    Preparation Time

    5 minutes
    Makes
    2
    Ingredients
    • 1 lime, quartered
    • 80ml Tia Maria liqueur
    • 40ml Absolut vanilla vodka
    • Ice cubes, to serve
    • Cola, chilled, to serve
    • Method
      1. Squeeze half the lime wedges into a serving glass. Repeat with another serving glass and the remaining lime wedges. Divide the squeezed lime wedges between glasses.
      2. Divide the Tia Maria and vodka among the glasses and combine. Add ice cubes. Top with cola and serve immediately.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Scars31

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
1898646_460s.jpg


Од коктели имам пробано само 2. Еден во Бугарија безалкохол, а другиот дома моите правеа со Jägermeister и Coca Cola.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie

Faith

Истакнат Член
19 февруари 2012
46
65
318
Skopje
Многу добар коктел имам пиено во Кубанскиот ресторан. За лето е идеален и се вика Jungle fever :)
 

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
Long Island iced tea

Состојки:
0.5 oz. Џин
0.5 oz. Рум
1 oz. Sweet and Sour Mix
0.5 oz. Текила
0.5 oz. Triple Sec
0.5 oz. Водка
Кола
Опис:
Ставете ги сите состојки во чаша со мраз. Додадете малку кола, колку за боја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Bum-Bum

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
LONG ISLAND ICED TEA
Состојки:
0.5 oz. Џин
0.5 oz. Рум
1 oz. Sweet and Sour Mix
0.5 oz. Текила
0.5 oz. Triple Sec
0.5 oz. Водка
Кола
Опис:
Ставете ги сите состојки во чаша со мраз. Додадете малку кола, колку за боја.
Тип на чаша: Хајбал чаша
long-island-iced-tea-1.jpg

IRISH COFFEE
Состојки:
5 oz. Кафе
1 oz. Шлаг
1 oz. Виски од ’рж
1 чаено лажиче шеќер
Опис:
Стоплете чаша со топла вода, ставете ги шеќерот и вискито, ставете шлаг на врвот.
Тип на чаша: Шоља за ирско кафе

irish-coffee-1.jpg
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Коктел Мимоза

Или Девицата Мимоза (безалкохолен) :giggle
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Еееее ме погоди со темава ;)
Коктелине што ги има по нет сите се океј али кај нас пола од состојките немаме а и друга ствар што коктел како коктел сегде се прави различно :eek Така да еве од мене неколку коктелчиња што ги имам пробано и правено од кој најомилен ми е Пина Колада ;)



најосвежувачкиот летен коктел-Мохито

Состојки

50ml бел рум (Havana Club, Bacardi)
2 ч.л. шеќер
1 зелен лимон
10 ливчиња од нане
мраз
газирана вода
Подготовка

Мохито се служи во висока чаша без рачка.
  1. Ставете ги во чашата ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња.
  2. Додајте го шеќерот и со помош на толчник започнете да ги гмечите состојките. Со тоа аромата од нането се меша со аромата од лимонот.
  3. Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте го румот и газираната вода. Мешајте со сламка за да се раствори шеќерот.
    Можете да користите шеќерен сируп или шеќер во прав наместо обичен шеќер. За да направите шеќерен сируп загревајте вода и шеќер во однос 1:1 и мешајте додека шеќерот не се раствори. Некои употребуваат Спрајт наместо газирана вода.
  4. Украсете со парче зелен лимон.

Даикири (Daiquiri) е едноставен коктел со незаборавлив вкус. Ако румот е вашиот омилен пијалок нема како, а да не ви се допадне овој коктел.

Состојки

60ml бел рум
30ml сок од зелен лимон
2 ч.л. шеќер (или 20ml шеќерен сируп)
мраз
Подготовка

Даикири се служи во чаша за мартини.
  1. Ставете неколку коцки мраз во чашата и оставете ги додека го приготвувате коктелот.
  2. Во шејкер со мраз ставете ги румот, шеќерот (шеќерниот сируп) и исцедете 30ml сок од зелен лимон.
  3. Растресете го шејкерот за околу 20 секунди.
  4. Отстранете го мразот од чашата во која ќе го служите коктелот.
  5. Исцедете ја течноста и украсете со тенко исечено кругче зелен лимон.

Камикази (Kamikaze) Еднакви количини на водка, ликер од портокал и сок од зелен лимон, можат да се служат како коктел во чаша за мартини или во мала чаша за текила како шот.
Состојки

30ml водка
30ml ликер од портокал (Triple sec, Cointreau)
30ml сок од зелен лимон
мраз
Подготовка

Камиказе се служи во мала чаша, како за текила
  1. Наполнете ја чашата со мраз и оставете ја да се лади додека го приготвувате коктелот.
  2. Во шејкер со мраз ставете ги водката, ликерот од портокал и сокот од зелен лимон. Можете да употребувате и сок од жолт лимон, но што и да го изберете најдобро е да користите пресно исцеден сок.
  3. Растресете го шејкерот. Доволно е тоа да го правите 20 секунди.
  4. Отстранете го мразот од чашата, прецедете ја течноста и налејте ја во чашата.
  5. Украсете со парче лимон.
За да постигнете посилен визуален ефект можете да користите Blue Curacao (син ликер од портокал), кој ќе му даде сино-зелена боја на коктелот.
Уживајте!

Овој го правев сега скоро, нема две недели, и тоа по некои 10тина шатчиња од еднаш, мада мене ми се измешаа затоа шо не му ја мислев многу дали ќе се измешаат или не, на луѓето им беше само битно да пијат шатови :giggle
Б-52 (B-52) е вкусен коктел кој привлекува со својот интересен изглед. Името го добива по американските авиони бомбардери Б-52.
Состојки

15ml ликер од кафе (Kahlua, Tia Maria)
15ml ликер од ирски крем (Baileys, Irish Cream)
15ml ликер од портокал (Grand Marnier, Triple sec, Cointreau)
Подготовка

Коктелот Б-52 се служи во мала чаша како за текила. Трите состојки имаат различна густина и поради тоа можеме да добиеме три слоја.

  1. Започнете со ликерот од кафе. Налејте го во чашата.
    Наредниот пијалок треба да претставува нов слој и треба да има видлива и јасна граница меѓу двата слоја. Затоа ви е потребна лажица.
  2. Поставете ја лажицата до работ на чашата, точно над ликерот од кафе. Внимателно и со тенок млаз налевајте го ликерот од ирски крем врз лажицата. Ако го правите правилно, треба да има два слоја во чашата кои не се мешаат.
  3. Последниот слој е ликерот од портокал. Повторете ја истата постапка со лажицата. Бидете внимателни и не се разочарувајте ако слоевите се измешаат.
Варијации

Б-53 е Б-52 плус водка (четири слоја).
Б-54 е Б-52 плус амарето (четири слоја).
Б-55 е Б-52 плус апсент (четири слоја).
Б-52 во пустина е Б-52 со текила наместо ликер од ирски крем.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and JaMi

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Космополитен (Cosmopolitan)
Состојки

30ml водка
15ml ликер од портокал (Triple sec, Cointreau)
15ml сок од брусница (али пошо кај нас ретко дека ќе најдеме по кафичиве ваков сок, најчесто го прават со сок од боровница :sreken )
½ зелен лимон
мраз
Подготовка

Космополитен се служи во чаша за мартини.

  1. Во чашата ставете мраз и оставете го да стои додека го приготвувате коктелот.
  2. Во шејкер ставете ги сокот од брусница (боровница), ликерот од портокал и водката. Исцедете половина зелен лимон и додајте мраз.
  3. Растресете го шејкерот. Штом однадвор се појави кондензација, состојките се добро промешани. Потребни ви се околу 20 секунди.
  4. Истурете го од чашата мразот кој го ставивте претходно.
  5. Прецедете ја течноста од шејкерот и налејте ја во чашата.
  6. Украсете со кора од портокал или лимон.

Добро познатиот :rolleyes:
Sex on the beach
Sex on the beach (Секс на плажа) е еден од најпопуларните коктели. Освежителен е и вкусен. Едноставно вреди да се проба.
Состојки

50ml водка
25ml ликер од праска
60ml сок од портокал
60ml сок од боровинки
мраз

Подготовка

Коктелот се служи во висока чаша без рачки.
  1. Во шејкер со мраз налејте ја прво водката, потоа ликерот од праска и на крајот сокот од портокал и боровинки. Најдобро е да користите пресно исцеден сок од портокал. Наместо сокот од боровинки можете да користите гренадин.
  2. Растресете го шејкерот. Доволни се 20 секунди.
  3. Прецедете ја течноста и налејте ја во чашата.
  4. Украсете со парче портокал исечен како полумесечина или цреша.

Преубавиот...
Tequila Sunrise
Tequila Sunrise (текила санрајз) е коктел кој освен што изгледа убаво има и неверојатен вкус. Коктелот го носи тоа име, затоа што неговите состојки ги пресоздаваат боите на изгрејсонцето.
Состојки

60ml текила
120ml сок од портокал
25ml гренадин
мраз

Подготовка

  1. Во обична висока чаша со мраз налејте ја текилата, па потоа сокот од портокал.
  2. Промешајте.
  3. Многу внимателно налејте гренадин по рабовите на чашата. Тој ќе потоне и природно ќе се слее со останатите состојки.
  4. Украсете ја чашата со парче портокал исечено во форма на полумесечина и цреша.
Варијации

Ако имате авантуристички дух и сакате да пробате нови работи, ви предлагаме неколку варијации:
Tequila Sunset – заменете го гренадинот со бренди од капинки.
Caribbean Sunrise – заменете ја текилата со рум.
Vodka Sunrise – заменете ја текилата со водка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and parvati