Еве ја и мојата Пина Коладааа
Пина Колада е сладок коктел кој во себе содржи рум, кокосов крем и сок од ананас. Најчесто се служи со издробен мраз. Тој е еден од најраспространетите коктели низ баровите во Македонија, но тоа не треба да ве спречува да си направите свој во домашни услови.
СОСТОЈКИ
30 мл кокосов крем (или кокосово млеко) пошо ние нели немаме тука таков т.е. ретко во кој кафиЧ го има, ставаме ликер од кокос
30 мл сок од ананас
мраз (некои додаваат и млеко или шлаг)
ПОДГОТОВКА
- Чашата во која ќе го служите коктелот наполнете ја со мраз и оставете ја настрана.
- Ставете ги во блендер румот, кокосовиот крем, сокот од ананас и 8 коцки мраз. Потоа пуштете го блендерот да меша додека мразот целосно не се издроби. Треба да добиете скоро хомогена смеса.
- Испразнете ја чашата којашто претходно ја ставивте да се лади, а потоа налејте ја во неа смесата од блендерот.
- Украсете со парче ананас, мараскино цреша, две сламки и коктел чадорче.
Можете да употребите различни количини на дадените состојки. Пример: ако сакате посилен коктел, употребете двојно количество на рум (60ml). Некои сметаат дека оригиналниот рецепт препорачува 45ml бел рум, 90ml кокосов крем и 180 ml сок од ананас.
Ако сокот од ананас е блуткав или киселкав, додајте во коктелот шеќер во прав.
ВАРИЈАЦИИ
- King Henry – на коктелот Пина Колада додајте му вотка.
- Piñita Colada (девствена Пина Колада) – без рум.
- Chi Chi – вотка наместо рум.
- Amaretto Colada – амарето наместо рум.
Куба Либре
СОСТОЈКИ
50ml
бел рум
100ml
Кока-кола
½
зелен лимон
мраз
ПОДГОТОВКА
Cuba Libre се служи во висока чаша без рачка.
- Ставете во чашата неколку коцки мраз, а потоа додајте го румот и налејте јаКока-колата.
- Пресечете ја половинката зелен лимон на две четвртинки. Едното парче исцедете го во чашата, а со другото украсете.
Двете најпознати марки на рум, Havana Club и Bacardi,