Дали партнерот некогаш ви пререкол ако сте качиле некое кило?
Да се случи такво нешто каква ќе биде вашата реакција?
Јас на пример имав еден дечко што ми рече дека тоа што сум качила некое кило го мавало на психа. Во тој период останав без работа едно два месеци и поради недостаток на физичка активност качив некое кило, а морам да кажам дека не беше нешто претерано. И да ви кажам право му раскинав. Прво, со ова ми даде до знаење дека не ме сакал поради тоа што сум, туку поради физичкиот изглед, што е многу површно, а таквата љубов не е ни љубов, само физичка привлечност која избледува, како во случајов со некој качен килограм. После тој коментар јас не можев да се опуштам, ако јадевме заедно ми се чинеше дека ми го брои секој залак. Е тоа не го можам и толку беше.
Тоа е дел од мислењата кои ги читав низ интернет страниците и ми дојде до идеја да отворам тема во врска со тоа прашање.
А во обратен случај? Би му замериле ли ако он малку си го пушти стомачето? Би му го кажале ли тоа директно или на суптилен начин?