Како се докажува љубовта?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Љубовта не се докажува,љубовта се покажува.Се негува,се менува,еволвира,расте,се намалува,доколку ја има.
Се чувствува,осека,кај оние што ја има,како што и се осека кај оној што ја нема.
За жал ретки се ситуациите кога во животот ке се сретнат две личности кај кои уште на самиот почеток на една врска ке се покажат тие емоции со силна мок.
Во другите случаеви,ке треба време на прилагодување,обострано прифакање на сите доблести а за мааните си има посебен континуитет.
Доколку не постои желба за прилагодување,таму не постои љубов.И во тој случај таа незаинтересираност е првиот таканаречен доказ дека таму простор за љубов не постои.
Доказот не е доказ во буквална смисла на зборот.Џабе е и ако некој ја подмести планината за само да докаже дека некого сака,ако мегувремено изостануваат секојдневните ситници кои ја покажуваат заинтересираноста и љубовта.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Песнава не ми се допага,но кажува некои работи баш околу темава,мислам дека не би требало да смета :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Lena нема да ми замери но сакам овој нејзин пост да го сместам овде
Нешто за љубовта.. мојот омилен цитат од библијата

Да зборувам на сите човешки јазици,па дури и на ангелски
штом љубов немам,ќе бидам бакар што ѕвони или кимвал
што звечи..
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни,
да го имам сето знаење,а и така силна вера,што и планини да преместам
штом љубов немам,ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот,
да го предадам телото да ми изгори,
штом љубов немам ,ништо не ми користи..
Љубовта е великодушна,полна со добрина,љубовта не завидува
не се превознесува,не е горделива,
не е непристојна,не памти зло,
не се радува на неправда,туку се радува на вистината,
се покрива,во се верува,во се се надева.
Љубовта никогаш не пропаѓа..
А пророкувањата.... Ќе минат.
Јазиците... Ќе замолкнат.
Знаењето... Ќе исчезне..
Зашто само делумно спознаваме и делумно пророкуваме..
А кога ќе дојде совршеното,ќе исчезне делумното......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Armagoddamn and Lena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Не знам што мора да се докажува во љубовта? Компромис е една ствар, ама ако не сакаш да се водиш според него, онда што има да се докажува? Да менувам целосно карактер заради некоја да ме сака? Тогаш јас не сум тој што треба да биде таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue, Aleksis and Lena

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Како прво за да се докаже треба да и се даде шанса , како второ ако е искрена самите постапки кажуваат многу со што ако си довоолно паметен/на тоа ќе се увиди , и како трето довербата и почитта сочинуваат докажување доверба ,а истовремено и стабилна и цврста љубов !!! позззз ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable° and gabi96

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
И со зборови и на дела затоа што ако некого го сакате и правите се за тоа а му велите или пишувате одбивни работи, љубовта и нема некоја смисла.