Што се тиче љубав у романтична хетеросексуална врска, докажувањето и покажувањето на љубовта е условено од интензитетот на самата љубов во таа врска. Доколку интензитетот е голем, личноста ќе се однесува на еден начин, доколку е помал, на друг. Љобовта доколку постои, таа самата си знае како да се испразни. Љубовта има мотивационо дејство и го гони човекот да дејствува на начини на кои предходно никогаш не дејствувал. Ќе ја земам како пример нервозата. Доколку помалку сме нервозни во моментот, реакцијата може да биде мала, но доколку сме пипер љути ќе следува појака реакција која може да доведе до агресија. Исто е и со љубовта кон партнерот. Можете и самите да се стајте на мислење и да увидите како сте се однесувале со некој кон кого не сте чувствувале ништо или малку и со некој кон кого сте чувствувале многу. Однесувањето не било исто. Во вториот случај таа душевна енергија, тоа либидо во вас раководело со вашето однесување. Исто пример ќе земам кога во една врска постои привлечност, постои, страст, постои љубов ... и кога сето тоа по одредено време ќе исчезне ... Однесувањето нема да биде исто потоа, лицето ќе престане да ја докажува љубовта од проста причина што и таа љубов повеќе ја нема во него... А човек може да глуми дека не е заљубен, но дека е заљубен никогаш ... може одредено време, но веднаш ќе се дознае глумата ... Затоа брадрс ен’ систерс, доколку има љубов во вас, доколку го љубите партнерот, самата таа љубов ќе ви диригира како да ја емитирате од вас ... Секој човек на различен начин ја докажува љубовта, а тоа зависи од неговиот карактер. Некој преку романтики-патетики, некој е многу внимателен, некој друг пак преку улогата на заштитник итн... само треба да се има на ум дека и се што е претерано може да има негативни ефекти. Постојат ликови кои и покрај тоа што го љубат партнерот нивното Его не дозволува да ја покажуваат поради што ти ја знам, се плашеле да не бидат повредени, извисени, од гордост бла бла... Меѓутоа, тоа не е убаво. Љубовта како и сите емоции не чини да се потиснуваат во себе туку треба да се испразнуваат. Ако тие емоции не се емитираат на соодветниот начин, тие кога тогаш ќе се испразнат преку некои други вентили, а и самото потиснување е штетно за психофизичкото здравје ... Потиснатата љубов се претвора во отров и може да се испразни во вид на агресија и други негативности ... но тоа е веќе друг муабет...
...и ондак то.