Како ви поминуваат летните денови?

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Лето е голем дел од нас се на одмор.
Како ви поминуваат овие летни денови,??
Мојот ден започнува вака:
Станувам некаде накај 09. и нешто или 10 зависи колку сум уморен и дали сум шетал вечерта, нормално како и секое сабаље кафе, поручек по некој сат ги читам новините на денот (ма кој новини секој ден ни е исто во државава наша мала и напатена )
послем може до град по некоја работа, па ручек па нешто одмор или може попладневн дремка од 18 00 подготовки за до спортски троа вежбање па враќање дома и припрема за едно корзо низ чаршијата :)
да видиме какви се вашите дневни активности :pusi ???
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Лето е голем дел од нас се на одмор.
Како ви поминуваат овие летни денови,??
Мојот ден започнува вака:
Станувам некаде накај 09. и нешто или 10 зависи колку сум уморен и дали сум шетал вечерта, нормално како и секое сабаље кафе, поручек по некој сат ги читам новините на денот (ма кој новини секој ден ни е исто во државава наша мала и напатена )
послем може до град по некоја работа, па ручек па нешто одмор или може попладневн дремка од 18 00 подготовки за до спортски троа вежбање па враќање дома и припрема за едно корзо низ чаршијата :)
да видиме какви се вашите дневни активности :pusi ???
Блазе си ти ...секој ден ти е како да си на годишен одмор а..? :)
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Блазе си ти ...секој ден ти е како да си на годишен одмор а..? :)

јебига додека не најдам некоја работа :), најубаво е кога имаш обврски секој ден, него кажи ти како ти поминуваат овие летни денови ??
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мене летните денови исто како и деновите од другите сезони...
На работа , па дома, па приквечер низ град со малото и тоа е тоа скоро секој ден...само плус се жештините :)
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Не можам да генерализирам зошто секој ден е различен сам по себе.Секој ден ми носи нешто ново.
Она што е постојано тука се жештиниве и ТОЈ, првото ме кочи а второто ме дига до небо во овие летни денови и ноќи.
Како и секое лето и ова чувствувам брзо ми изминува..го искористив за да одморам максимално, како психички така и физички.
Добар дел од летово искористив за да прошетам, да избегам малку од секојдневието..ама и тоа како и се` има крај.Па и доста е, ако е за убаво, доста е.
Лето како лето..но сепак секогаш ќе го помнам ова лето зошто го одбележа нешто што ми се врежа и во срце и во глава.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
поглемиот дел од денот го минувам со малото, шетаме, гукаме :) сега актуелно ми е последниов месец подготовките околу свадбата, па растрчкана сум околу неа, секој ден имам по нешто ново, напнато е, но ќе помине и тоа :D некако досадно ми е, но уште малце ќе издржам, после со факсот ќе сум зафатена :giggle
 

Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
Лудо и незборавно :cool: ... :D
Одење на базен,добра свирка,журкии, добро друштво,добра книга,гледање ТВ глупости,сликање(цртање),трчање по кејот,играње тенис,фитнес,возење точак,разладување со прскалките низ кејот, седње во маалото,вљубување,запознавање нови пријатели,одење во кино,пена парти , на спиење кај другарките,пижама парти,добар филм,гледање изгреј сонце,патувањее,авто стоп,планинарење,смеа-шала ...
Уживам док можам...па од септември лудо и здодевно, Школа! :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and Сара.13

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Лето ко лето. Денови како денови.
Сите денови од овој мој живот(последните 22 години) се обележани по пишувањето во дневник минимум 20 минути во денот.
Единствено што го обележа ова лето и што ќе го препознавам покрај сите други лета...е измешаните чувства кои виреат во мене и со кои никако да се изборам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Сара.13

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Кревет - Компјутер - Работа
и пак исто. Никако не ми поминуваат, ама сепак подобро ми поминуваат од снегот.
Светла точка ми е таа. И со неа ми поминуваат летните денови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13