Ке бевме како и сите друѓи животни. Јаболкото од кое гризнала Ева е спознанието. Од тука свеста почнала да се менува. Змијата е симбол на промената. Промените ја разбудиле жената, но зошто прво таа а не мажот? Затоа што жената доживува повеќе промени од него (забременувањето, раѓањето, менструалниот циклус) Религијата одсекогаш била против развивањето на свеста, против потребите на жената (посебно сексуалните), против промените, па дури и против менструалниот циклус (жените кои се во тој период од месецот не се добредојдени во црква).Ако сака некој малку да филозофира,но навистина интересно е кога би се запрашале како би било радозналата Ева да не го гризнеше јаболкото?Каков би бил животот без гревови,без страдања,сите ќе уживавме во рајот?Да било така не би требало Бог да го ствара пеколот!?Библијата вели дека Бог го створил човекот како совршено суштество,но нели треба да бидеме безгрешни за да бидеме совршени?Зошто Бог ни ја дал слободната воља ако знаел дека можеме да ја употребиме како сакаме и да станеме несовршени?
Ако Ева не гризнела од јаболкото, човекот немаше да се облекува бидејки немаше да се срами од својата голотија. Човекот ке живееше како бесмртен бидејки не ке беше свесен ниту за животот, ниту за смртта. Бог немаше да му сврти грб на човекот бидејки човекот немаше да чувствува одговорност за своите постапки и така натака.