Порано бев превише фатен со ваквиве фенци шмеци геџети , се до оној момент коа сфатив дека и еден Sony Ericsson Cedar си врши работа. Ако иам потреба од интернет ќе си зеам лаптоп и ќе си седнам некаде. Но некогаш мора и пауза од глобалната мрежа, не? Имав прво некој сони Ериксон t290i за да после се префрлам на нокиа. Имав n-Gage qd, време на средна адолесценција коа тренд беше да плешеш tomb raider на мобилен и Симбиан беше луксуз. Потоа се префрлив на Нокиа 6280 - прв телефон со камера. Немаше голем рок на траење па се префрлив после на Нокиа 9300. Лап топ у мало. Ми беше добар сопатник, перото со кое ги пишував неколкуте текстови (имаше qwerty тастатура). Добри 4 години. во третата негова година зедов iPod touch (не телефон) и тука веќе се разгради работата. Видов една година со фенци шмеци ствари и реков дека следниот што ќе го земам ќе има основни функции. iPodот ретко коа го користам коа сум излезен освен за музика, додека Cedar-от ми е сосема доволен.