Многу често сретнувам некои интересни парчиња облека, чевли и накит на интернет кои сакам да ги имам, но неможам никако да ги најдам кај нас. Сигурна сум дека не сум единствена и затоа мислам дека ова ќе биде добро место каде што секој од нас ќе може да објави слики од модни парчиња кои сака да ги поседува, и обратно - да дава одговор, односно да посочи каде видел некое слично парче кај нас.
Па како што е редот - јас ќе започнам прва
Штикливе ги гледам насекаде, по разни страни и блогови, а сигурна сум дека ги има и кај нас бидејќи имам видено девојки кои ги носат, само се немам осмелено да прашам - shame on me.
Моментално се наоѓаат на врвот од мојата wishlist-а и одговорете доколку имате видено некаде во скоро време.
По што трагате вие, а неможете да го најдете кај нас?