Не е состојба за потценување.
Има промена на горниот слој од кожата на усните, а поради тоа што на усните има најголем број на нервни завршетоци може да се појави преголема чувствителност, па во понапредни состојби и болка.
Состојбата може и да се влоши, особено во зимските денови со појава на воспаление на усните агли.
Лижење на усните е честа навика со која треба да се прекине, може да биде преосетливост на состојки во козметика(кармин, сјај), може да биде и дефицит на витамин Б, железо, цинк, имунодефициенција.
Пробајте со помош на своја рака, погоре има спомнато за мелем го има во аптеките и е навистина добар, вазелин и сл.
Ако не се реши за седмица до две, консултирај се со дерматолог за соодветна локална терапија.