Се согласувам, но Јас како наемодател, реагирав на моментот дека понекогаш вистината има и друга страна. Да секој кој уредно плаќа има право на приватност.Не знам дали пак ќе се вклучи членот, али мање битно...
Едно е да примиш студенти-примитивци (кога веќе се користи зборот), а друго е да досаѓаш на студенти што дошле да учат и тераат студентски живот.
Сум седела кај колешки/другарки што биле под кирија и нималку не е пристојно постојано да ти виси некој над глава за ништо.
Еднава им бара пари за теписи перење...и тоа пази - теписите на нејзин спрат што се, не кај студентиве; другата им влегува во 6 сабајле со правосмукалка и ги тера да ѝ прават кафе, иако овие учеле до 3-4 сабајлето (она ги чула дека збореле, можеле да станат).
Без разлика дали отстапуваат соба или цел стан/спрат, нашиве ретко имаат осет дека кога веќе си дал под кирија, си дал во доверба и треба да цениш приватност. У реду е да провериш повремено, ама па подобро истерај ме отколку секојдневно да се притресувам дека си ми нашол некоја фалинка и ќе ме тераш да ти платам за истата...а тоа на гоооолемо се користи ако те видат дека си некој пофин и лесно попушташ.
Си плаќаат бе заостанати долгови со тоа...што?
Ако се некои чурук кираџии, ќе решиш проблем со истерување, макар и со полиција...али на нив повеќе им одговара да бараат бељи, па да бараат пари отколку да посегнат по таков чекор.
Бар моето скромно искуство и анализа ми дале таков впечаток.
Штетите предизвикани намерно треба да се платат, но нормалната амортизација, треба да е вкалкулирана во цената за месечниот наем. Не ми е познат студентскиот живот во друг град и не би можел да дискутирам од аспект на наемо примач.