Искуства: Живот под кирија

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Многу студенти, млади брачни парови, па и оние кои имаат каде, ама сакаат да го почувствуваат самостојниот живот или животот со цимери, момче, девојка, почнале со живот под кирија. Тука би ги вброила дури и годишните одмори во приватно сместување. Сигурно имате и кого да пофалите, но и од кого да се пожалите. Кои ви биле најлошите искуства? Раскажете нешто интересно од лично искуство или на пријатели?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Како номад (силом прилика) поарно да не почнувам и да се не навраќам на ситуации, со пар исклучоци искуствата се срање |-(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
И јас имам мн за кажување ама сега кај што седам мн ефтино плаќам и ок ми е ем во центар сум :zelen
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Ако погледнеме од коментарите погоре ќе видеме дека никој не сака да коментира за оваа морално,нужно зло или на друг начин,живеење на кредит,никој не сака да го спомене лошото искуство на живеењето :) изгеда несакаме историјата да се понавља.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Живот под ќирија... за прв пат бев под ќирија во Скопје, кога заминав на факултет. Таа една година, поточно девет месеци минати во станчето со една стара женичка што ја издаваше собичката ми се едни од најубавите денови во животот. Жената се грижеше за мене како за син. Дури и јадење ми правеше. Не беше скапо, јест дека условите не беа сјајни, имав стар кревет, имав една масичка во собата, стол, регалче што требаше да ми служи и за книги и за алишта и радио. Ама атмосферата на дом што ја имав ми се допаѓаше... потоа морав да одам во студентски, па не знам дали тоа треба да се рачуна живот под ќирија... Не, чекај, не знам дали тоа треба да се смета за живот... :)
Потоа, морав да земам стан за истата причина, ама не баш за мене, е тоа беше ужас. Дека станот беше за студенти, во центар во Скопје, спроти влада, го накачија на 400 евра!!! Станот да, беше голем, ама 400 евра беше изгор, плус сметки... Втора работа, плаќавме 400 евра, а не им ја даваа терасата - на 9ти спрат биле, па да не скокнеле или паднеле од таму, заклучена им беше буквално и тапети имаше на стаклата. Едвај се испокарав да им ја отворат, да не се глупираат. Потоа, газдата на секој втор ден им одеше да провери дали нешто е скршено.
Е, дојде време да се скрши сталажата каде што се чуваа во кујната тенџерињата. Нешто направено од штица никаква, се јавив јас, да му кажам, да се извинам и да кажам дека ќе ја направам, дека ќе отидам за неколку дена во Скопје и ќе биде готова... Им отишол на девојчињата, им се дерел... ги натерал да му платат, по некои 400 денари мислам, можеби и повеќе... а штицата јас за ич пари ќе ја направев. Тоа беше премногу за да се издржи, отидов јас за да ги пренесам во друг стан.
Мислев, проблемот им го средив. Ама не, им најдов стан, ама газдите беа над нив. Секое погласно слушање музика, секое погласно смеење, секое тропање, полиција им викаа...
Така да, ај дон ноу ват елс ту сеј... тешко тој што мора да е под ќирија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Додека студирав во Скопје живеев под кирија. 3 пати сменив стан, како наоѓавме подобар стан со цимерките така се селевме. У глобала не беше лошо, потсредено со намештај што им бил за фрлање коа реновирале во станевите во кои газдите живеат ама подуправен, подзакрпен, дотеран... И цели години беше се во ред, кирија и сметки платени на време, проблеми со газди и комшии немавме, се додека не дојдеше време за иселување. Е више тогаш беа други причи, тогаш се наоѓаше по некоја сметка недоплатено, по некоја кирија заостаната... Последната газдарица ни бараше пари за радиодифузна а сметки немаше. И реков дај ги сметките од коа сме вселени ке ги платиме ... па вика од кај да ги побарам... епа викам од таму кај шо ке и побараш јас таму ке и платам. Претпоследниот газда пак ни најде некакво си порамнување за вода па испадна дека треба да платиме плус 1500ден за вода. Мала сума, уште помало коа ке се подели на 4ца ама што би напраил човек со тиа 1500? Ништо... само ке си ги влоши односите. За негова несрека на едната цимерка татко и работеше во водовод кај нас па праша кај своите колеги што е проблемот со сметката, кажаа дека е заостаната сметка од 2009, 3 години пред да се вселиме во тој стан, па тој им рекол да ја вметнат во последната сметка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and Outrider

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
4та година во ист стан, не сум имал никаков проблем. 100 квадрати, солидна кирија и сметки, и неам намера во скоро време да се отселам од таму. Поарно мислам дека не можев да најдам и да сакав.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Кај нас се зависи од к'сметот што го имаш со газдите, т.е. на каков примитивец си налетал. Искуствата се во главно негативни најчесто поради немањето капацитет примитивецот да разбере дека кога ти издал стан, нема повеќе право да ти влегува во инспекција кога ќе му текне, да ти менува правила на игра па дури и да ти повишува тон.

Немаме ни услови реално, кај нас нема згради кои се наменети за киријаши, да не спомнувам за рецепција, обезбедување, чистачки итн... тоа е научна фантастика. Кај нас мора да најдеш стан на оглас, да се договориш со примитивецот и после да се расправаш секој месец и да те боли главата за сешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sesil

Перомикик

Нов член
19 август 2015
22
5
3
49
Се согласувам со сите кои мислат дека сите наемодатели-газди се примитивци, но секое правило има исклучоци, со цел да може да биде докажано.
Дали сте пробале да се ставите во нивна улога? Да имате студенти на кој им е гајле за СЕ, вклучително и за вашиот стан, студенти кои мислат дека живеат на автобуска станица, пробајте да размислувате понекогаш како би размислувала другата страна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Се согласувам со сите кои мислат дека сите наемодатели-газди се примитивци, но секое правило има исклучоци, со цел да може да биде докажано.
Дали сте пробале да се ставите во нивна улога? Да имате студенти на кој им е гајле за СЕ, вклучително и за вашиот стан, студенти кои мислат дека живеат на автобуска станица, пробајте да размислувате понекогаш како би размислувала другата страна.
Не знам дали пак ќе се вклучи членот, али мање битно...
Едно е да примиш студенти-примитивци (кога веќе се користи зборот), а друго е да досаѓаш на студенти што дошле да учат и тераат студентски живот.
Сум седела кај колешки/другарки што биле под кирија и нималку не е пристојно постојано да ти виси некој над глава за ништо.
Еднава им бара пари за теписи перење...и тоа пази - теписите на нејзин спрат што се, не кај студентиве; другата им влегува во 6 сабајле со правосмукалка и ги тера да ѝ прават кафе, иако овие учеле до 3-4 сабајлето (она ги чула дека збореле, можеле да станат).
Без разлика дали отстапуваат соба или цел стан/спрат, нашиве ретко имаат осет дека кога веќе си дал под кирија, си дал во доверба и треба да цениш приватност. У реду е да провериш повремено, ама па подобро истерај ме отколку секојдневно да се притресувам дека си ми нашол некоја фалинка и ќе ме тераш да ти платам за истата...а тоа на гоооолемо се користи ако те видат дека си некој пофин и лесно попушташ.
Си плаќаат бе заостанати долгови со тоа...што?
Ако се некои чурук кираџии, ќе решиш проблем со истерување, макар и со полиција...али на нив повеќе им одговара да бараат бељи, па да бараат пари отколку да посегнат по таков чекор.
Бар моето скромно искуство и анализа ми дале таков впечаток.