Често ми се случило некој да ми личи на некое име...
На пример брат на една моја другарка се вика Панче ама мене човекот ми личи на Мартин и така и му се обраќам до ден денес...а имам многу такви примери во животов, некој има едно име ама мене ми личи на друго...Дали ви се случило тоа?
Или пак сите Дејановци што ги познавам во мојов живот некои многу добро некои помалку сите имаат исти или слични карактеристики...сите се мирни, тивки, одмерени, сталожени, паметни...
Дали мислите дека некои карактерни особини може да му се припишат на некое име?